• Latest
Али Ахмети

Дали Заев ќе му се „заблагодари“ на Ахмети?

July 26, 2019
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Дали Заев ќе му се „заблагодари“ на Ахмети?

Кога ВМРО-ДПМНЕ е пикнато во ќош, проработува црвениот телефон на линија Шампита – Мала Речица (ДУИ). Сега и ДУИ поставува нови услови со кои го закочува процесот на носење на законот за обвинителство. Одеднаш, се бара двојно гласање, според Бадентер. Па, Талат Џафери калкулира со закажување датум за седница на Собранието по ова прашање. Како и со гласањето околу имунитетот на Трајко Велјаноски кој, да не беше ДУИ, сега веројатно ќе беше во далеку понепријатна „летна шема“. И многу други такви и слични прилики...

July 26, 2019 13:34
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Али Ахмети

Али Ахмети

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Едноставно е, законот за јавно обвинителство мора да се донесе. Опструкцијата на овој процес ја прави ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за правда ги инкорпорира практично сите амандмани и забелешки на законот што дојдоа од Груевски, пардон, од Мицкоски и неговиот тим. Но, процесот повторно запна. Сега, ВМРО-ДПМНЕ има проблем со своите сопствени амандмани, па сега и нив ги оспорува. Ова наликува на деновите кога оваа партија вложи максимални напори да го осуети формирањето на вистински независна Антикорупциска комисија, а претходно и на други закони.

Класика! Голем дел од политиката на оваа земја се води само и само за да се заштитат криминалците во неа. Така и сега, Мицкоски измислува слабости на предлог законот за обвинителство, не признавајќи дека тоа се, всушност, нивните барања, прифатени од СДСМ. Откако Катица Јанева поднесе оставка, нивна мета е Вилма Рускоска, иако тие, како ни било која друга партија, немаат простор да поставуваат обвинители. Може да имаат преференци, како Панчевски за Мицкоски, но не и можност за поставување. Помина Сваровски ерата.

Филип Рикер: Времето за политички игри и за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните, веќе е поминато.

Кога Филип Рикер, помошник државен секретар на САД, ќе рече дека „времето на политички игри е поминато“, време е да се замислат ликовите во шампитата со смешниот израсток (стражарница) и оној во Будимпешта. Гејм овер! Или не?

Веројатно, сѐ уште не, бидејќи, кога ВМРО-ДПМНЕ е пикнато во ќош, проработува црвениот телефон на линија Шампита – Мала Речица (ДУИ). Сега и ДУИ поставува нови услови со кои го закочува процесот на носење на законот за обвинителство. Одеднаш, се бара двојно гласање, според Бадентер. Па, Талат Џафери калкулира со закажување датум за седница на Собранието по ова прашање. Како и со гласањето околу имунитетот на Трајко Велјаноски кој, да не беше ДУИ, сега веројатно ќе беше во далеку понепријатна „летна шема“. И многу други такви и слични прилики…

Ако закон за обвинителство, кој е испеглан и готов за гласање, не се донесе час поскоро или најдоцна до крајот на летово, овој пропуст, по многу нешта, ќе значи и крај на процесот на политичко помирување, кој и онака се претвори во панаѓур на неказнивоста. Оваа деструкција на Мицкоски и неговата камарила, како и колаборационизмот на ДУИ со нив, се заканува да предизвика тектонски поместувања во процесите во кои се наоѓа земјава. ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби шанса да биде дел од уште еден значаен процес и дополнително да потоне во сопствениот политички отпад, како во жив песок. Крајот на помирувањето ќе го изолира овој политички штетник до крајни граници. Политичкиот ураган што ни претстои во септември, нема да го одмине ни ДУИ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубат шанса да бидат дел од уште еден значаен процес и дополнително ќе потонат во сопствениот политички отпад, како во жив песок.

Премиерот Зоран Заев ќе биде доведен до ситуација да мора и на ДУИ да им се „заблагодари“ (нежниот израз за метла) и да формира ново, поинакво мнозинство во парламентот и нов, поинаков владин состав. Тоа ќе биде огромно олеснување за целата македонска јавност, а особено за оние Албанци што во 2016 година гласаа за СДСМ, за да се ослободат од вмровскиот јарем на Али Ахмети. Нема грешка во претходната реченица. Имено, јаремот на Ахмети е вмровски…

„Мудрувањето“ на Ахмети околу изборните единици и изборите воопшто е друга приказна, за која посебно ќе пишувам кога, повторно, ќе ги потсетам и сите останати политичари на големите и долгорочни зафати што мораат да ги направат во изборниот систем. Инаку, тоа е уште една причина зошто би било неодговорно да се послуша хировитиот Мицкоски кој хистерично бара предвремени парламентарни избори.

Ахмети и Груевски, партнери на деценијата.

Да се вратам на крајот на помирувањето и политичката криза што се наѕира на македонскиот политички хоризонт. Некооперативноста, поточно, деструктивноста на политичките игри без граници на Фејсбук политичарот од Будимпешта и неговите пиони во Скопје, ќе значат и крај на нивната неказнивост. Тензиите ќе пораснат, а помирувањето ќе добие нов тек во кој просторот за руското дејствување ќе биде далеку поограничен.

Обидите за помирување што радикалите го сфаќаат како слабост, црната пропаганда, лажните вести и дезинформациите што се основно оружје на ВМРО-ДПМНЕ и други авантуристи во македонската политика, некаде тука ќе завршат, што ќе се совпадне со неуспехот на уште еден обид да завладее правото. Секое зло за добро. Ќе биде барем почиста ситуацијата. И потезите што ќе се повлечат потоа, иако болни, ќе отворат нови перспективи за процесите. А Мицкоски ќе остане како свената булка покрај шините.

Без оглед на распоредот на силите во парламентот и политичката констелација во целост, може да се насети дека се тенчи трпението на премиерот, како и на јавноста, а оправданијата да се задржи ДУИ во владината коалиција веќе одамна се исцрпени.

По серијата ножеви што ги доби в грб и сите индиции за тешки криминали на ДУИ што ја разнишуваат довербата во владата во целост (особено по бомбите на Ел Чека), како одговор на сета помош што ја добија од локалните избори наваму, можеби е крајно време Заев навистина да му се „заблагодари“ на Ахмети, а на пратениците на ДУИ да им понуди да станат дел од едно поинакво парламентарно мнозинство, потребно за коренити реформи. Се разбира, ова не подразбира дека Заев треба да престане со делење „благодарници“ и во својата партија. Напротив!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share121TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ