„Сакам да кажам дека луѓето во Украина, исто така, новинарите и медиумските издавачи, сè уште работат и мислам дека најголемиот лек за сите сега е, се разбира, донирањето и поддршката на украинската армија. Сега разбираме дека можеме да се потпреме само на европските пријатели или на самите себе и ова е голема промена, голем пресврт.Мислам дека ова е и во умот на луѓето, и сакам да разберете дека најголемиот проблем со информационалните напади е и моралниот напад“, изјави Олха Данилиук, новинарка, Волина Газета, на а третиот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Дезинформациите како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хибридното војување“.
„Со информационите напади се нарушува нашата менталност, нашата морална состојба, што е многу важно во оваа војна. Но, луѓето сè уште се борат, се разбира, никој не сака да се предаде, луѓето сакаат правда, луѓето сакаат мир, мир кој ќе трае долго и кој ќе биде осигурен со гаранции и затоа што не сакаме да имаме слични конференции за неправда за пет години.
Ние продолжуваме да работиме, иако половина од нашиот тим се бори на фронтот, ние сè уште работиме со волонтери, работиме со студенти од различни украински универзитети и се обидуваме да го прошириме нашите медиумски изданија, и тоа покрај сите пречки. Мислам дека ова е многу важно, ова се суштински резултати кои сега ги имаме и главниот лек што би го реколо за борба против дезинформациите, пропагандата и лажните вести.
Многу е важно да се фокусираме на тоа што можеме да направиме, а не на тоа што не можеме да направиме и ова е она што моите украински новинари го прават сега, не само новинарите туку и сите Украинци, тие продолжуваат да работат и дури повеќе отколку што работеле претходно“, изјави Данилиук.
Б. Ј.