Руските специјални служби градат мрежа на агенти на влијание во земјите од поранешниот СССР за да водат малигни кампањи против суверенитетот и националните интереси на целните нации, вели Олександр В. Даниљук, раководител на Центарот за одбранбени реформи, координатор на Меѓуресорската платформа за борба против хибридни закани, која работи во рамките на соработката Украина-НАТО, повикувајќи се на украинското разузнавање, пренесува Гилдхал.
„Според информациите добиени од украинските разузнавачки служби, руските специјални служби планираат да ја изградат мрежата на агенти на влијание во земјите од поранешниот СССР со цел да го срушат суверенитетот и националните интереси на овие земји, предизвикувајќи сепаратизам и екстремизам. Напорите ќе бидат преземени под превезот на операциите на Федералната агенција за ЗНД, сонародници кои живеат во странство и меѓународна хуманитарна соработка, попозната како Росотрудничество“, рече експертот.
Подготви: Д.Мишев