• Latest

Даноците собрани во првиот квартал годинава се помали од планираните

April 14, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Даноците собрани во првиот квартал годинава се помали од планираните

April 14, 2018 11:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државата тоне на економски план, а граѓаните живеат се полошо. Показател за тоа е податокот дека и даноците собрани во првиот квартал годинава се за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани. Капиталните расходи во првите два месеца се околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра.

Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 проценти помалку во однос на истиот месец од 2017 година. Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 2.319.609.000 денари, што е за 63,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во првиот квартал ЕЛЕМ произвел 10% помалку електрична енергија. Во година со релативно блага зима се поплави Охридско Езеро, Шпиље останува празно, а Глобочица се прелева.

Долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголеми за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени се само 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето за 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.

Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев продолжува да ја пустоши Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Немаат ниту план, ниту визија за Република Македонија.

Растот на БДП во 2017 година е 0%, а економијата секаде во регионот и во Европа оди нагоре. 300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжи граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка на Република Македонија како депозит со 0% камата. Во исто време државата плаќа камата за истите средства кон кредиторите од кои ги позајмиле. Оваа безидејност на СДСМ ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра.

Странските инвеститори наместо во Република Македонија се одлучуваат за инвестирање во земјите од соседството поради растечката корупција и несигурност.

Најавите за покачување на даноците и неспособноста на оваа влада дополнително ги оддалечуваат инвеститорите.

Со цел да го оттргне вниманието од ваквите катастрофални политики, СДСМ форсира политичко монтирани процеси против сите оние кои не се согласуваат со нивните антидржавни политики и ја почитуваат државата и законите.

Судот мора да ги ослободи од неоснованиот притвор сите политички жртви и да ги отфрли нарачаните обвиненија. Судиите мора да го почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став. На овој политички прогон мора да му дојде крајот. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. СДСМ не знае и нема капацитет да ја води државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: МИА

Tags: ВМРО-ДПМНЕсоопштение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ