• Latest

Давитковски: Димитриев нема легитимитет да ја претставува Република Македонија!

February 9, 2017
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Давитковски: Димитриев нема легитимитет да ја претставува Република Македонија!

February 9, 2017 17:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според универзитетскиот професор Борче Давитковски, четворицата пратеници со верифицирани мандати, Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа Милеска, немаат легитимитет како премиер и министри, да ја претставуваат Македонија ниту пред домашната, ниту пред меѓународната јавност.

Откако ќе се оформи пратеничко мнозинство, Собранието треба итно да заседава и да одлучи, што натаму: ќе се формира нова влада, или ќе се распушти и ќе се одржат нови избори. Но, и во тој случај, ако се оди на втората варијанта, пратениците жод парламентот не може да бидат носители на извршната власт… Ова се дел од оценките на универзитетскиот професор, Борче Давитковски, што ги презентира во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, посветено  на актуелната политичка криза со која се соочува Македонија.

Д-р Борче Давитковски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“

ЦИВИЛ Медиа: По денешната негова средба со еврокомесарот Јоханес Хан, повторно се отвора прашањето – дали Емил Димитриев, со верифициран пратенички мандат, има легитимитет да разговара во улога на претседател на Владата на Република Македонија?

ДАВИТКОВСКИ: Емил Димитриев е пратеник, не е легитимен претседател на Влада! Ниту тој, ниту министерот за надворешни работи е легитимен. Разговори се водат со нелегитимни претставници, тие не ја претставуваат македонската држава! Со верификација на мандатот, директно се крши Уставот. Тие не може да бидат и пратеници и министри. Тие што не се пратеници, тие можат да продолжат да работат. Останатите четворица, Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канечска Милеска немаат никаков мандат за да преговараат. Тие четворица се класични пратеници, освен ако се откажат и ако на нивно место дојдат други пратеници од нивната партија. Тоа е веќе друга ситуација. Уставот забранува и вели: пратеник и носител на извршна власт не може да се биде во исто време.

ЦИВИЛ Медиа: Како ја оценувате тогаш оваа средба?

ДАВИТКОВСКИ: Таа средба се одржува по автоматизам. Европа сака да ни помогне, и тоа не треба да се крие, треба да се истакне. Во тие рамки и посетата на Јоханес Хан е добронамерна, зашто им е битно да се најде прифатливо решение, коешто ќе ја извлече Македонија од кризата.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е следниот чекор според вас, како да се реши оваа ситуација?

ДАВИТКОВСКИ: Според мене, Собранието треба да се конституира, а не е доцна, сé уште. Никој не им брани на пратениците, тие имаат верификувани мандати, треба да соберат парламентарно мнозинство од 61 пратеник и треба највозрасниот да свика седницата, Собранието да се доконституира и да почне со работа. На таа седница треба да кажат дека тие четворица што им беше верификуван мандатот, сега веќе немаат мандат. Треба да се избере претседател на парламентот, да се формираат комисиите и работните тела и можат веднаш со полн капацитет да работат. Дури, можат да одлучат да прават и техничка влада, или да одат на избори.

ЦИВИЛ Медиа: Што ако не се постигне парламентарно мнозинство, ако не се договорат сега СДСМ и ДУИ и ако се донесе одлука за нови избори? Сметате ли дека Македонија со овој состав на владата, треба и може да реализира нови  фер и кредибилни избори?

ДАВИТКОВСКИ: За да одиме на нови избори, Собранието повторно треба да донесе одлука дека не е постигната согласност и дека Собранието треба да се самораспушти. Без одлука на Собранието – нема избори, тоа е абецеда во демократијата, тоа на сите треба да им е јасно! Кога Собранието ќе се конституира, ќе проработи, тоа може да одлучи или да избере нова техничка влада, или да донесе одлука да се распушти, зашто и тоа е легитимно. Само претседателот на Собранието и Собранието може да донесат одлука за нови избори, а особено сега кога треба да се распишат локални избори кои треба да се одржат во март. Ex lege, значи, по сила на закон, на градоначалниците и советите во март, ќе им истече мандатот. Јас не знам од која логика го вадат месец мај.  Ако вака сакаат да играат пинг -понг, може да се случи од април, ниту влада да имаме, ниту градоначалници, ниту совети…, ништо да немаме! Tоа би била тешка криза. Јас не знам на кој друг начин, освен не дај боже, со некоја диктатура, или на било кој друг начин, да излеземе од оваа криза. Значи, покрај централна, ќе немаме ни локална власт.

Затоа Собранието мора да одлучи, или техничка влада, или ќе им продолжи мандатот овие министри сега, но без четворицата кои имаат пратенички мандати, а другите може да останат до избор на нова влада. Или, едноставно, Собранието ќе одлучи да се оди на нови избори. И тоа е легитимно. Но, никој друг, освен Собранието, само тоа го има конечниот збор.

Моника Талеска

Tags: Борче ДавитковскивладаЕлизабета Канческа МилескаЕмил ДимитриевНикола ПопоскиНикола Тодороскиполитичка кризаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ