• Latest

Дебата на ЦИВИЛ за правата на Ромите: Да се стави крај на расизмот и дискриминацијата!

April 6, 2021
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Google

Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

May 21, 2026

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

May 21, 2026
Фото: Министерство за правда

Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

May 21, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

May 21, 2026
Фото: МИА

ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

May 21, 2026

ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

May 20, 2026
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

May 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Гордо – назад и надолу

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дебата на ЦИВИЛ за правата на Ромите: Да се стави крај на расизмот и дискриминацијата!

April 6, 2021 16:53
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На панел дискусијата на ЦИВИЛ, на тема: На „балот“ за човековите права на Ромите, учествуваа Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, Мабера Камбери, претставничка на МТСП, Тефик Махмут, граѓански активист и Рамуш Муарем – Цирко, новинар, и Џабир Дерала, ЦИВИЛ. Панелот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен правобранител, на дебатата на ЦИВИЛ „На „балот“ за човековите права на Ромите“ се осврна на заштита на правата на Ромите.

„Институцијата Народен правобранител постои повеќе од 20 години со мандат да ги штити уставните права на граѓаните, вклучително и Ромите. Во оваа институција водиме статистика за нашите потреби за почитување на правото на само изјаснување на граѓаните. Од година во година бројот на поплаки поднесени од ромската заедница се зголемува. Тоа не ја одразува вистинската бројка на секојдневно ниво.

Народниот Правобранител мора да работи повеќе во сферата на заштита на правата на Ромите. Се чувствувам нелагодно тогаш кога за човековите права на Ромите има застарена традиција да зборуваме само за Ромите на светскиот ден на Ромите. Ова треба сите да го промениме. Човековите права на Ромите не се слават само на 8 април, сите ние треба да се заложиме сите непочитувања да дојдат до израз. Ние  имаме посебна област ги таргетира проблемите на Ромите од дискриминација и соодветна и правична застапеност. Едни од главните проблеми кои ги имаат Ромите се дискриминација во полицијата, здравствена заштита, правото на регулирање на државјанство и ред други…

Народниот правобранител максимално приложува напори да биде поблиску до Ромите преку организирање конференции и слично за тоа колку е подобрена ситуацијата на Ромите во РСМ“, истакна Бајрамовска-Мустафа.

Рамуш Муарем – Цирко, ја посочи потребата од  славење на Ромскиот идентитет.

„Ромите се раѓаат со инфериорност. Тие мораат од сам старт да научат два јазика. Досегашните гарнитури еве до кое дереџе нè донесоа. Јас забележувам еден интересен момент, ако треба да биде активен тој блок за бранење на правата на Ромите, тие полека, едноставно, се претопуваат во не-ромски политички партии. Тие влегуваат во не-ромски партии, прво за личен бенефит, па подоцна да се види како може да се бранат интересите на ромската заедница. Сите знаеме зошто се местат и прифаќаат такви позиции. За економската бранша немаме ромски претставник.

Правата на Ромите треба да се почитуваат секој ден, како и на секое малцинство. Многу малку примери има каде се слави ден на некое малцинство. На 8 април донесен е одлука за користење на зборот Ром или Ромка, за користење на ромското знаме, јазик и химна. Со тоа се дефинира ромскиот идентитет. Според мене, подобро е 8 април да биде ден на Ромскиот идентитет“, истакна Муарем-Цирко.

Тефик Махмут, во своето кратко излагање истакна дека нема закон што ја регулира правичната и соодветната застапеност на Ромите.

„Треба да се прави разлика помеѓу овие два термина. Можеби имаме делумна соодветна застапеност, но немаме правична застапеност. Би се задржал на два сегменти: немаме ниеден Ром вработен во Министерство за култура, и немаме Роми кои се инкорпорирани во повисоките редови на власта“.

Мабера Камбери, претставничка на МТСП, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите, се задржа на инклузијата на децата Роми во образовниот систем.

„Јас би почнала со предучилиштното образование, кое е во рамките на МТСП. Овој проект го имплементираме од 2006 година во соработка со ромскиот едукативен фонд и единиците на локална самоуправа. Годишно вклучуваме околу 400 деца Роми на предучилишна возраст. Лани одеше потешко поради пандемијата со Ковид-19. Оваа година во детските градинки има запишано повеќе од 29.000 деца од кои 347 деца се Роми, а 89 деца се вклучени преку проектот. Родителите на децата се ослободени од плаќање за престој на децата. Секоја година настојуваме да го зголемиме бројот на градови каде се имплементира овој проект.

Во 2019 имавме јавен повик да се пријават лица кои не се евидентирани во матична книга на родени, бидејки навистина сакавме да ја дознаеме бројката, поради тоа што невладините организации излегоа со бројка од 5.000 лица. Формиравме мобилни тимови и најдовме околу 700 лица на терен кои се неевидентирани во матична книга на родени. Поради тоа што неколку години наназад не можеше да се реши проблемот со постојните закони кои се на сила, изготвивме нов закон за тие 700 лица, за нивно издавање посебен извод од матична книга и лична карта, со кои можат да остварат 4 права: право на социјална заштита, здравствена заштита, право за вработување и право на образование“, вели Камбери.

На прашањето што презема МТСП во однос на извршителите кои им ги блокираат сметките на примателите на социјална парична помош порадни долгови, Камбери нагласи дека ова прашање ќе го разгледаат во министерството и ќе бара да се реши тој проблем.

Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, се осврна на најранливите категории во Ромската заедница.

„Човековите права се константна тема која ги тангира граѓаните. Јас како советник за инклузија на Ромите можам да кажам еден мал елаборат за тоа како беше и како одиме. Оние најранливите во самата заедница останаа во маргините и во маалата и тука најмногу затаи  теренската работа и затоа треба да градиме доверба и да постигнуваме резултати.

Ние успеавме да создадеме групација на образовани луѓе која може да ја превеземе одговорноста и да зборува и да прави нешто повеќе за својата заедница.

Во однос на мерките кои што владата ги прави, несомнено почнав од овој сегмент, мораме да го преобратиме нашиот фокус кон најранливите. Имаме категорија на луѓе кои немаат образование и не се во образовниот систем. Ние мораме што поскоро да почнеме една кампања со министерствата и невладините организација за вклучување на сите ромски деца во образованието.

Би се осврнал на 3 главни цели:

Првото е  стабилизација, тука мислам на стабилен систем во кој сите категории ќе бидат вклучени и реализација на зацртаните цели. Во новата стратегија мора да се обрне посебно внимание на најранливите категории. Во сите ромски маала мора да се направат соодветни услови за домување.

Владата за прв пат прави мечинг фонд со Реди од 2 милиони евра за формализација и развој на бизнисите“, истакна Мемети.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ се осврна на структурното насилство што се прави врз ромската заедница.

„Стратегијата за „едно општество“ треба да почне да се имплементира и тоа во три сегменти во образованието, културата и медиумите. Ромите треба самите да се изборат за еднаквост, слобода и човекови права, бидејќи никогаш нема да ги добијат правата на тацна, колку и да е напишано тоа во Уставот“, вели Дерала.

Тој нагласи дека во политиката треба да дојдат до израз млади и образовани Роми кои ќе ги заменат сегашните лидери кои не нудат никакви можности и подобрување на животот на Ромите.

„Секоја власт, вклучувајќи ја и оваа власт треба да ги унапредува правата на Ромите, а тие што ги прекршуваат правата на Ромите треба да ги санкционираат“, истакна Дерала.

Панел дискусијата поради рестриктивни мерки на Владата за спречување и заштита од Ковид-19, се одвиваше преку платформата Зум.

Тим на ЦИВИЛ Медиа

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ