• Latest
Добро утро со Орданоски

Дека, дека, дека… криминалот најмногу се исплати!

September 18, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дека, дека, дека… криминалот најмногу се исплати!

September 18, 2018 07:33
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]емисијата на ВМРО-ДПМНЕ од она што може да се нарече сериозна политика, меѓу другото, ги направи политичките пребези многу „евтини“. Секој ден по некој прононсиран поддржувач и соучесник (може и во женски род) во начинот на кој владееше Фамилијата, спектакуларно „ја менува страната“ и се пријавува на списокот на СДСМ со поддршка за евро-атлантските интеграции. Претпоставувам дека наредниве денови такви трансфер-изјави би можеле да очекуваме и од редовните планинари по скалите пред Кривичниот суд, иако таму многу од обвинетите можеа да бираат за која страна ќе „заиграат“ уште на првите распити во СЈО. Ама тогаш уште им веруваа на храбрењата да издржат и да молчат, оти кај и да е, само што не се вратиле на власт.

При тоа, „новиот“ политички избор на „нововернициве“ не им е ни тежок, бидејќи иако до вчера ги поддржуваа, ги употребуваа и дебело профитираа од методите и тоталниот опсег со кој владееше Фамилијата, денеска комотно изјавуваат дека само НАТО и ЕУ се иднината за Македонија, дека Договорот од Преспа е одличен и единствениот можен начин за евро-интеграција, дека новиот лидер е совршен и незаменлив и дека ним отсекогаш општата добробит на Државата и Нацијата им биле приоритет во животот. Милионите им се споредни, ама ете, некако се случиле.

Ах тоа СЈО! Тој радар во магла, тој читач на мисли, тој рендген за откривање најтешки болести, тој правен лек и морален коректив за сите локални битанги кои се надеваат дека обемот за преслушување е преголем, дека делата ќе застарат, дека ќе се изгубат во преводот, дека не се приоритет, дека има место за преговори, дека ќе раскажат и тоа што го нема на лентите, дека Заев ќе ургира, дека инвестицијата во скапите адвокати ќе им се исплати, дека се премногу интелигентни за да ги стигне правдата, дека на време донирале, дека ги штити некаков купен имунитет, дека и некоја црква изградиле, нечие лекување помогнале, а и дека овој и оној амбасадор се на нивна страна, малку ли се испило и спонзорирало низ годините, вечерите, бизнисите и приемите!

Сосема е можно нешто од овие „дека“ и да им упали. Ова, со НАТО и ЕУ, е неизвесен процес низ кој треба да стигнеме до правната држава, а патот е долг и полн со свиоци зад кои не се гледа следната угорнина или тунел низ кој ќе треба да се помине. Ниту автобусот во кој се труцкаме ни е од поновите, ниту навигацијата ни е совршена, а и патниците се една збирштина, како од легендарниот „Ко то тамо пева“, немаат сите ни платени билети и, воопшто, седи кој кај сака! На возачот и „совозачите“, пак, им е најбитно да стигнеме на целта, немаат време да се занимаваат со тоа кој каква песна свирка и пее по патот…

Сакам да кажам, чувајте нерви од нови разочарувања, оти овдека правдата не само што е спора, туку често знае да биде и недостижна, наспроти она што го велат поговорките и содржината на фрлените клетви. Нема гаранција дека сите ќе одговараат за криминалите и злоделата и покрај, да речеме, искрените намери и желби на оние кои треба да ги гонат.

Впрочем, во оваа држава криминалот, сè уште, е дејност што најмногу се исплати.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share286TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ