• Latest

Демант од Агенцијата за разузнавање на наводи од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на партиската трибина

March 4, 2024

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Демант од Агенцијата за разузнавање на наводи од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на партиската трибина

СООПШТЕНИЕ - Агенцијата за разузнавање ги демантира изнесените невистини од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на трибина пред Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

March 4, 2024 20:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за разузнавање ги демантира изнесените невистини од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на трибина пред Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата за разузнавање најжестоко ги демантира наводите изнесени од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на партиската трибина, одржана на 02.03.2024 г. пред Конвенцијата за избор на кандидат за претседател. Периодот кога се номинираат кандидати за претседател на државата се  злоупотребува за пласирање заканувачка реторика кон институција која е под надлежност на претседателот, како и кон нејзините вработени.

Во своето излагање, Николоски користи бројни лаги и неосновани тврдења против Агенцијата, со цел да нанесе штета на нејзиниот интегритет и углед. Дополнително, тоа го прави во име на номинираниот кандидат на кого му ги  диригира потезите што ќе треба да ги преземе по 12 мај 2024 г.

Не е првпат  јавноста на ваков начин да е манипулирана и по неуспешните обиди за јавен линч на Агенцијата, повторно, истите тврдења, како сензации, да се изнесуваат и реобјавуваат на лажни профили и медиуми.

На трибината, вработените во Агенцијата беа оквалификувани како „една збирштина“ со што се омаловажени како професионалци и Агенцијата како битен чинител во националната безбедност.

Агенцијата беше обвинета дека шири озборувања и фабрикува извештаи, што е апсолутна невистина, имајќи предвид дека работи според утврдена методологија на работа со класифицирани информации. Без аргументи се обвинува Агенцијата за следење на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Во досегашниот период за ваквите паушални тврдења не беа изнесени никакви докази во јавноста ниту пред соодветни институции, вклучително Јавното обвинтелство и надлежната собраниска комисија.

Исто така, ја уверуваме јавноста дека претседателот Стево Пендаровски не се меша во работата на Агенцијата, ниту некогаш дал наредба за следење на политички  неистомисленици.

Познато е дека следење политички неистомисленици и комуникации, спроведувано до пред десетина години, доведе до политичко-безбедносна нестабилност во нашата земја, што резултираше со реформа во безбедносно-разузнавачкиот сектор.

Апелираме, во предизборниот период да не се злоупотребува името на Агенцијата за разузнавање  за собирање партиски поени, со пласирање невистини да не се доведуваат во заблуда граѓаните и да не се поткопува довербата во безбедносно-разузнавачките институции,стои во соопштението на Агенцијата за разузнавање.

 

Tags: Агенција за разузнавањеАлександар Николоскидезинофмрации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ