• Latest

ДЕН НА ДОСТОИНСТВОТО И СЛОБОДАТА, 2024: Украинците не може да бидат совладани!

November 21, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДЕН НА ДОСТОИНСТВОТО И СЛОБОДАТА, 2024: Украинците не може да бидат совладани!

20 години од Портокаловата револуција и 11 години од Евромајданот

November 21, 2024 12:13
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 21 ноември во Украина се одбележува Денот на достоинството и слободата. На овој ден, во 2004 и 2013 година, започнаа најмасовните протести во поновата историја на Украина – Портокаловата револуција и Револуцијата на достоинството, позната и како Евромајдан. Луѓето излегоа на плоштадот Мајдан Незалежности во Кијив, како и на плоштадите во други градови и села низ земјата, за да ги заштитат демократските права и слободи и да го спречат мешањето на Русија во внатрешните работи на Украина.

Револуцијата на достоинството/Евромајданот – масовен граѓански протест што траеше 94 дена, од 21 ноември 2013 година до 22 февруари 2014 година. Протестот беше предизвикан од ненадејната промена на надворешнополитичкиот курс и насоката на развојот на државата, а подоцна и од незаконските и антиуставни постапки на власта. Епицентар на настаните беше главниот градски плоштад Мајдан Незалежности и околните улици – Хрешчатик, Михајло Грушевски, Институтска. Протестите се одржуваа и на централните плоштади на регионалните и окружните центри низ Украина.

Зошто започна Револуцијата на достоинството? Од 2010 година, кога Јанукович беше избран за претседател на Украина, во земјата започна задушување на демократските права и слободи, кои граѓаните ги изборија за време на Портокаловата револуција. Се случи економски пад. Украинците се чувствуваа бесправни пред функционерите, судиите и безбедносните структури. Украина постепено стануваше сè позависна од рускиот диктатор.

Под притисок на Москва, на 21 ноември 2013 година, Кабинетот на министри на Украина објави запирање на процесот за потпишување на Договорот за асоцијација на Украина со Европската Унија, кој требаше да овозможи системски реформи, конечно утврдување на проевропскиот курс и намалување на влијанието на Русија.

На 29 ноември, за време на Вилнускиот самит на Источното партнерство, Јанукович потврди дека договорот нема да биде потпишан. Ова ги уништи надежите на многу Украинци за позитивни промени и слободна иднина. Единствениот начин за влијание врз власта остана Мајданот.

Масовните убиства на невооружени луѓе во центарот на Кијив за време на 18–20 февруари 2014 година претставуваа пресвртна точка во текот на протестите, што резултираше со пад на режимот на Јанукович и почеток на промени во системот на државната власт.

На 22 февруари, граѓаните на Украина дознаа за бегството на Виктор Јанукович и неговото најблиско опкружување во русија.

Кои беа резултатите на Револуцијата на достоинството? По Револуцијата на достоинството, граѓанското општество стана моќна сила, а волонтерството забележа голем развој. Се овозможи слободно дејствување на опозицијата. Украина го утврди неповратниот европски развој: во 2014 година беше потпишан Договорот за асоцијација со ЕУ, а на 11 јуни 2017 година Европската Унија воведе безвизен режим за украинските граѓани. Осум години по Евромајданот, на 23 јуни 2022 година, Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

Мајданот покажа дека на патот кон демократијата и слободниот свет, Украина ја остави Русија далеку зад себе. За московскиот режим стана очигледно дека Украина не може да се покори преку влијание врз владините структури и не може да биде претворена во втора Белорусија. Опседнат со идејата за обновување на поранешната советска империја, путин во февруари 2014 година им нареди на руските вооружени сили да го заземат Крим. Борбените дејствија со учество на руската војска започнаа и во источните региони на Украина. Русија води целосна војна против Украина и нејзините граѓани од 24 февруари 2022 година.

На Денот на достоинството и слободата: Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оддаде почит за Украинците кои паднаа во Револуцијата на достоинството.

Зошто, кога зборуваме за тековната војна на Русија против Украина, треба да раскажуваме и за Мајданите? Барањата на секој од украинските Мајдани директно или индиректно беа поврзани со прашањето за украинско-руските односи и беа насочени кон целосно ослободување на Украина од московскиот јарем и утврдување на нејзината сувереност како независна држава.

Активниот дел од општеството секогаш се бореше за правото на Украинците сами да одлучуваат каква ќе биде иднината на нивната земја. Портокаловата револуција и Револуцијата на достоинството беа одговор на руското мешање во внатрешните работи на Украина.

Победата на последниот Мајдан над прорускиот режим на Јанукович му докажа на рускиот диктатор дека тој ја изгубил контролата над Украина. Ова стана причина за злосторничката одлука на Путин да ја започне воената агресија против нашата држава. Затоа, Револуцијата на достоинството беше всушност првата битка на тековната руско-украинска војна, а Хероите на Небесната стотка – нејзините први херои.

Како пример на решителен отпор против авторитарната власт, Мајданите станаа закана за стабилноста на кремљовиот режим. Од друга страна, учесниците на Мајданите ја демонстрираа неподготвеноста на украинското општество да го прифати диктатот на рф.

Војната на рф против Украина е последица на постојаната желба на русија да ја задржи Украина во својата сфера на влијание. На 20 февруари 2014 година, во деновите на стрелба врз демонстрантите во центарот на Кијив, рф ја започна воената операција на Крим.

Најголемиот број жртви од протестите се случија во центарот на Кијив во периодот од 18 до 20 февруари 2014 година. Само на 20 февруари, на улицата Институтска, денес е Алеја на Хероите на Небесната стотка, силите на режимот убија и смртно ранија 48 лица. Загинатите учесници на Мајданот се наречени Небесната стотка. Вкупно, во Небесната стотка се вклучени 107 лица.

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

 

Tags: Володимир ЗеленскиКијивМајданРеволуција на достоинствотоУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ