ВЕСТ НА ДЕНОТ
Денеска пред зградата на Народот Собрание во Софија ќе се одржат протести против бугарската Влада на премиер Кирил Петков, соопштија властите во земјата.
Станува збор за протести на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, партијата ВМРО-БНД , здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.
Повод за побараното гласање недоверба е политиката на Петков кон Северна Македонија, која овие партии ја сметаат за предавничка.
Полицијата ќе ги оддели демонстрантите, а пред јужниот дел на зградата на Народното собрание ќе бидат противниците на бугарската Влада, а од северниот дел ќе протестиреаат неговите поддржувачи.
По завршувањето на ризичната дебата на гласање недоверба на владата поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат премиерот Кирил Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат”.
Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера на аукција беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца.
Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions).
Муратов, главен уредник на Новаја Газета и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Зеленски за Русија: Ова е зло што може да се „смири“ само на бојното поле
„Како што предвидов, Русија е многу нервозна поради нашата активност. Повторно гранатирање на Харков, Одеса, повторно обиди за брутални офанзивни акции во Донбас. Ова е зло што може да се смири само на бојното поле. Ги браниме Лисичанск и Северодонецк. Целиот овој регион е најтежок, има најтешки битки“, изјави Зеленски.
ФЛЕШ ВЕСТИ
НОБЕЛОВИОТ медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера на аукција беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца. Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions).
„ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ“ Скопје останува на ставот дека билатералните прашања треба билатерално да се решаваат и дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ. Шефот на дипломатијата Бујар Османи изјави дека во однос на билатералните прашања нема да се дозволи да има посебно поглавје, а историските прашања нема да бидат критериум за придвижување на процесот напред.
ИНТЕГРАЦИИ Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент утре попладне ќе одржи седница на која ќе биде разгледан „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
ТЕЛЕМАРАТОН Денес во Амстердам ќе се одржи хуманитарниот телемаратон за поддршка на Украина „Embrace Ukraine“ — #StrivingTogether. Настанот ќе се одржи во пресрет на седницата на Европскиот совет во Брисел. Целта е да се обедини европската публика околу подготвеноста на Украина да стане дел од семејството на ЕУ.
ОДЛУКА Ковачевски денеска соопшти дека утре ќе биде донесена финалната одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Обид за рушење на власта со оркестрирана кампања против МВР
Во изминатиов период, оркестрирано се објавуваа(т) видеа од безбедносни камери, аматерски снимки, или Фејсбук/Твитер објави на одредени лица, прво на социјалните мрежи, особено на Твитер, а потоа и на медиуми блиски до опозицијата, со цел да се дезинформира јавноста и да ги доведуваат во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија.
Последно такво пропагандно видео е објавено на 30 мај од Твитер профилот „Гледачот“ во кое пишува дека наводно лица блиски до владејачката партија (СДСМ) за време на избори тепаат човек среде бел ден во Прилеп.
ДИСТРИКТ
Дерала: Мојот живот е борба – борба за слобода, за демократија, за еднаквост, за правда…
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Џабир Дерала.
Дерала во Дистрикт број 100 зборува за себе и за нас, за државата и за општеството, за правдата и за неправдата, за демократското и за тоталитарното, за еднаквоста и за нееднаквоста, за националното и за над националното, за мирот и за војната, како и за животот посветен на борбата за човечност, за хуманост, за космополитски вредности.
ЕДИТОРИЈАЛ
Познато е дека во текот на изминатите десет и повеќе години, тимовите на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа се соочуваат со бројни притисоци, клевети, говор на омразата и смртни закани. Мотивите се познати, нарачателите, исто така. Нашите иницијативи за промоција на за човекови права и слободи, еднаквоста, правдата и мултикултурализмот, а особено борбата против дезинформациите и пропагандата имаат силен и позитивен ефект во јавноста и во општеството. Јасно е и дека нашата работи им пречи на познати структури во земјава и во странство.
Но треба да знаат – ние не се плашиме. Нам заканите и притисоците ни се мотив повеќе да продолжиме со работа, бескомпромисно и гласно, прочитајте во едиторијалот од Џабир Дерала „Пораката е примена, но целта не е постигната“.
МРЕЖА
Агит -проп, лаги и нула критика за својата „совршена“ страна на спорот, македонската!
„Се убивте од лажење и агит-проп, навидум про-ЕУ (ради грантови), во срцето надвор од ЕУ, заедно со прогресивните новинари кои сите до еден се патриоти и немаат 1 критички збор за својата совршена страна на спорот, македонската. Вака, манупулатори, ова е сЕ што пишува во „безобразниот“ предлог (цел го исчитав, 31 страница). Освен што јазикот го викаат македонски без додавки, на двете страни им даваат можности да си напишат УНИЛАТЕРАЛНИ ноти (сам себе си збориш у основа) во однос на јазикот, и освен што го спомнуваат бугарското малцинство. НЕМА НИШТО ИДЕНТИТЕТСКО. Нормално, се бара протокол ко и за Преспа и негово почитување. (Билатерален, НАДВОР од Рамкава – ве лажат дека е вграден, пошто не ни постои.) ТОЛКУ. На исто ниво се изнесени и двата договора и нивните протоколи (со тоа што бг-мк е хипотетички пошто уште не постои).“
Фејсбук објава од Катерина Колозова
СЛОБОДНА ЗОНА
И не само Бугарите, туку и Торбешите, Египќаните, Хрватите и Црногорците. Република Северна Македонија треба да биде држава на сите нејзини граѓани, да биде инклузивна и секој граѓанин да ја чувствува за свој дом. Па така и нашите сограѓани кои се декларираат како Бугари, или како Торбеши, или како Хрвати, и да не ги редам понатаму заедниците кои се пронаоѓаат во делот “останати“, пишува Џелал Хоџиќ во колумната „Бугарите треба да бидат дел од преамбулата на Уставот“.
Д. Тахири