• Latest

Ден пред конституивната седница, партиите сè уште без коалиционен договор

May 27, 2024

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Ден пред конституивната седница, партиите сè уште без коалиционен договор

May 27, 2024 14:18
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со одржувањето на парламентарните избори и прегласувањето што заврши на 22 мај во 7 избирачки места, исполнети се сите услови за утре да се одржи закажаната конститутивна седница на Собранието на Северна Македонија.

Оваа конститутивна седница ќе биде управувана со новиот деловник изгласан во 2023 година како резултат на дијалогот познат како „Жан Моне“, при што точно е забележано дека конститутивната седница ќе трае најмногу три дена.

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги продолжуваат разговорите

Уште пред парламентарните избори на 8 мај, добитникот на најмногу мандати на изборите ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да формира парламентарно мнозинство, ниту да формира Влада со Демократската унија за интеграција (ДУИ), и дека повеќе ја преферираат  албанската опозиција ВЛЕН, иако на изборите доби помалку малку пратеници. Европскиот фронт на чело со ДУИ доби 18 пратеници, а ВЛЕН 14.

Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН почнаа и се чини дека се кон финална фаза, иако пред утрешната конститутивната седница сè уште нема конечен договор, само шпекулации.

Пред неколку дена, градоначалникот на Гостивар, воедно и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, потврди дека дел од написите во одредени медиуми за поделба на владините ресори и службени позиции се точни, и дека тој сè уште не одлучил дали ќе биде во идната влада како министер.

Според Таравари, Алијансата ( како што тој го нарекува делот од партијата што му се приклучи) ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри, како и двајца државни секретари, и тоа заменик министерот за одбрана и заменик министерот за земјоделство.

Според медиумите, Демократското движење на Изет Меџити ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер на Владата, Министерството за животна средина и двајца заменици министри, тој за транспорт и МВР. Функцијата претседател на Собранието и евроинтеграциите ќе им припадне на Алтернативата, а ќе ги имаат и заменик министерот за образование и министерот за етнички заедници.

Движењето Беса на Билал Касами ќе ги води Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика. Исто така, заменик министер за култура ќе биде од Беса.

Африм Гаши, претседател на Собрание

Собранието за утре ги постави точките на дневниот ред, во кој случај во овие точкипри што е вклучен и изборот на претседател на Собранието, кој треба да се избере во рок од три дена.

На оваа тема, претседателот на Алтернативата, дел од коалицијата ВЛЕН, Африм Гаши, во интервју за Алсат-м истакна дека во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за новата Влада, една од точките била дека Албанците треба да ја земаат функцијата претседател на Собранието, додека на прашањето дали ќе биде претседател на Собранието, тој ниту демантираше, ниту потврди.

„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако, бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да биде од редовите на Албанците…  Договорот се уште не е конечен, начелно се договоривме за некои позиции, правилно е да се почека овие договори што ги договоривме со ВМРО да поминат кај нашите партиски органи и верувам дека во законскиот уставен рок, а тоа е 28 мај, на тој ден верувам дека ќе се конституира парламентот, мислам дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши.

Ако се тргне од тоа  дали Африм Гаши е прифатлив избор за ВМРО-ДПМНЕ, вреди да се потсетиме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред три години се согласи Гаши да биде и мандатар за формирање на Влада наместо Димитар Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ херметички затворена за евентуален договор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од партиската говорница ги информираше претставниците на медиумите дека „Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

И потпредседателот на ова партија Тимчо Муцунски потврди дека со коалицијата ВЛЕН се блиску до договор, не без повеќе детали.  Муцунски кажа дека „извесно е дека ќе имаме повеќе од 70 пратеници, постои можност владината коалиција да има и 80, но во следниве денови ќе видиме како ќе изгледа тоа“.

Дел од преговорите за новото парламентарно мнозинство е и партијата ЗНАМ која има 6 пратенички мандати.

Ни ВМРО-ДПМНЕ ни Знам не соопштија никакви детали од нивната средба или исходот од преговорите.

Говорејќи за тоа дали Знам ќе биде дел од новата влада, Муцнски рече дека комуникацијата не треба да се води преку јавноста, така укажа тој  процесот го водиме во неуспех. Според него можно е да се постигне и се работи на тоа  да има и двотретинско мнозинство за клучни теми.

„Со Вреди, евентуално и со Знам има двотретинско мнозинство. Целта е да се изврши промена на Законот за организација и работа на органите за државна управа пред да се формира новата влада. Тоа беше едно од нашите ветувања, бидејќи со тоа ќе правиме модернизација во владата, а со тоа и искоренување на огромен број непотребни институции кои не покажале ефикасност и затоа мислам ќе постигнеме голем консензус“, изјави Муцунски.

Конститутивна седница се одржува најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Решението за свикување на конститутивната седница на Собранието со посочениот дневен ред, на 23-ти мај беше потпишано од претседателот на Собранието, Јован Митрески. Според Деловникот до изборот на претседател на Собранието со конститутивната седница претседава најстариот по години пратеник, а највозрасна што добила пратенички мандат е Мерита Колчи Коџаџику.

Назми Абдурахмани 

Tags: владаВЛЕНВМРО - ДПМНЕДвижење ЗНАМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ