• Latest

Денес родов шовинизам, утре повик на насилства

September 4, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Денес родов шовинизам, утре повик на насилства

Секој нов изблик на простотилак и насилништво е само нова капка покрај прелеаната чаша. Денеска е вулгарност и родов шовинизам, утре ќе биде повик на насилства. Родовиот шовинизам не е ни помалку, ни повеќе, туку одлика на структура што е подготвена на сѐ, почнувајќи од дискриминација на повеќе од половина од населението, завршувајќи со деструкција на сите други нивоа. Ни оддалеку не е претерување, туку е само уште еден опис на состојбата и ориентацијата на партијата што се храни од омразата и од јавните пари.

September 4, 2019 10:47
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога портпарол на најголемата опозициска партија ќе излезе во јавноста со изрази на краен шовинизам на родова основа, што може да се каже за остатокот на партијата? Нина Групировка и Џирло Девојка, тоа не се вулгарни алузии и изрази на некој лумпен партиски трол, какви што имаат на располагање во изобилие, туку на портпаролот на МВРО (како што Гордана Јанкулоска си ја нарекуваше нагалено својата партијата).

Нема потреба многу да се аргументира за да се сетиме дека оваа изјава доаѓа од претставник на партијата што од жените се обиде да направи подредени и послушни апарати за репродукција, што ги дискриминира и понижува жените на секаков можен начин. Да се нарече родов шовинизам вокабуларот на портпаролот на МВРО е премногу фино и академски. Не, тоа е еден крајно вулгарен, уличарски начин на изразување, безобразен и без манири. И не говори ништо добро за партијата што ја претставува некој што може вака да се изрази.

Добро, не мораше да дојде до овој испад за да констатираме со колку деструктивна партија имаме работа. Но, може да биде добар повод да се побара барем пристојност во јавната комуникација. Барем пристојност, кога веќе не може да се очекува да се откажат од жестоката одбрана на криминалот преку блокирање на процесите за враќање на демократијата, владеењето на правото и евроинтеграциите.

Не еднаш сме кажале дека ултра радикални групи во земјата и нема, бидејќи тие се вдомени во најголемата партија што владееше 11 години. Можеби некој ќе каже дека реакцијата на оваа објава на портпаролот е прекумерна, ако се спореди со дејствувањето на партијата му во текот на владеењето и во периодот од неполни три години по изборите во 2016 година. Само ако се спомене 27 април 2017 година, доволно е да се аргументира дека ова и не е толку драматично.

Секој нов изблик на простотилак и насилништво е само нова капка покрај прелеаната чаша. Денеска е вулгарност и родов шовинизам, утре ќе биде повик на насилства. Родовиот шовинизам не е ни помалку, ни повеќе, туку одлика на структура што е подготвена на сѐ, почнувајќи од дискриминација на повеќе од половина од населението, завршувајќи со деструкција на сите други нивоа. Ни оддалеку не е претерување, туку е само уште еден опис на состојбата и ориентацијата на партијата што се храни од омразата и од јавните пари.

Мора да се повлече линија. Не само што не смее да се заборави и проголта тој крвав 27 април, туку и да се остане упорен во барањето правда за тој напад. Воедно, јавноста не може до бескрај да ја трпи оваа ситуација во која без трошка одговорност и совест се промовира шовинизам, дискриминација и насилство во јавниот дискурс.

Колку ова општество е нормално и се движи напред зависи и од тоа како реагираат медиумите, невладините организации, организацијата на жените во МВРО и во другите партии, вклучително и на оние што до вчера им беа коалициони партнери, а сега се во таборот на „победниците“. Добро е да се критикува власта, најмногу затоа што секогаш има причини за тоа, но одговорност имаат и сите други чинители во политичкиот живот на земјата. Кој може да побара одговорност, ако не јавноста и медиумите?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share102TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ