ВЕСТ НА ДЕНОТ
Европарламентарците изгласаа 100 милиони евра Макрофинансиската помош за Северна Македонија
Европарламентарците изгласаа на Република Северна Македонија да и се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши, информираат од Владата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„САД и Северна Македонија се безбедносни партнери веќе долго време. Многу често еден од првите повици кога ни требало помош глобално или во овој регион е повикот што го упатуваме кон нашите пријатели тука. Нашата Алијанса е цврста, за тоа сведочи нашата обединетост во врска со бруталната инвазија врз Украина и се осигуравме дека Русија ќе плати за своето нарушување на мирот. Нашата безбедност не доаѓа само преку војската туку и преку економијата, иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигураме дека тоа ќе бидат САД и нашите партнери тука во Европа. Затоа и ја споменавме и инвестициајта за компјутерските чипови, тоа е навистина убаво да се слушне, затоа што така ние сме побезбедни“ рече американскиот сенатор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Кијив
Ноќен воздушен напад на Кијив, активиран системот за воздушна одбрана, непријателски цели лоцирани и уништени во воздухот
Белгород
Мечката заигра и во дворот на Путин: Која е вистинската цел на операцијата Белгород?
ФЛЕШ ВЕСТИ
РЕГИОН Утрово на граничниот премин „Табановце“ се забележани цели колони од автобуси кои најверојатно се упатиле кон Белград, по повод митингот што денеска го организира владејачката „Српска напредна партија“. Според медиумите, бесплатен превоз се организира и од Куманово, но и други градови во Северна Македонија.
СРЕДБА Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Иран ги оркестрирал и спонзорирал сајбер нападите во Албанија; Рама ветува просечна плата од 900 евра до април; Гренел бара ослободување на Тачи
ЗЕЛЕНИ ВИЗИИ
Везе Шари-пример за бизнис што ги користи бенефитите на циркуларната економија
Пакомак – фокус на циркуларна економија, концепт на селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот
СЛОБОДНА ЗОНА
„Ја гледам водителката како го пелтечи името на Христијан Мицкоски кога го најавува на партискиот митинг од ВМРО-ДПМНЕ одржан во црквата Св. Софија во Охрид и не ми се верува. Прво си велам, ма не е можно ова, мора да е некоја монтажа, но потоа гледам Мицкоски горд на скандалот што го направил, па се вознесол на Фејсбук и вели: „… Јас повикувам на единство на народот и национално обединување, постојат сериозни предизвици!“
Како бе ти јаден ваков повикуваш на единство и обединување?
Навистина Христијане, постојат сериозни предизвици“, пишува Јане Ѓорѓиоски во „Синхронизирано салтомортале на Мицкоски и Груевски“
Подготви: Б. Јордановска