• Latest

„Дурмо турс“ ќе вози дел од македонските поддржувачи на Вучиќ на митингот во Белград

May 26, 2023
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Дурмо турс“ ќе вози дел од македонските поддржувачи на Вучиќ на митингот во Белград

May 26, 2023 14:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово на граничниот премин „Табановце“ се забележани цели колони од автобуси кои најверојатно се упатиле кон Белград, по повод митингот што денеска го организира владејачката „Српска напредна партија“. Според српски медиуми, на денешниот митинг се очекува да пристигнат околу 2.200 автобуси во Белград.

Според медиумите, бесплатен превоз се организира и од Куманово, но и други градови во Северна Македонија.

Советникот во Општина Куманово, Мирослав Тричковиќ, изјави дека на лична иницијатива организира превоз до Белград.

-Ова е моја лична иницијатива, која ја почнав бидејќи во Куманово има многу српски граѓани кои гласаат. Покрај изборното место во Скопје, тука претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните, повеќе од 90 проценти, изјави Тричковиќ.

Здружението „Мир, слога, стабилност“ во соопштение ги информира сите заинтересирани кои сакаат да го поддржат „човекот кој животот и го посвети на Србија“ да се јават на телефонскиот број на здружението и да го резервираат своето место, а ќе добијат и вода и сендвич.

 

Околу 200 автобуси со косовски Срби заминаа вчера и утрово и од Косово- Северна Митровица, Грачаница, Лепосавиќ, Зубин Поток, Штрпце кон Белград на покана (и обврска) на српскиот лидер Александар Вучиќ да учествуваат на, како што го нарекуваат,  „контра- протест“, организиран од него против протестите на десетици илјади граѓани кои со денови протестираат против него во Србија.

Според споделувања и коментари на социјалните мрежи, автобуски превоз за луѓе што го поддржуваат Вучиќ, е организиран и од други земји во регионот – Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија…

На една од фотографиите што ги сподели Здружението Мир, слога, стабилност, се забележува автобус на компанијата „Дурмо турс“, за која сè уште се  води судска постапка за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во 2019 година, во која животите ги изгубија 16 луѓе.

Во Белград, во тек се подготовките за „сесрпскиот“ собир што го свика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажана за вечерва. Владејачката Српска напредна партија (СНС) го нарече митингот „Србија на надежта“. Собирот се одржува по масовните протести на опозицијата, по трагиедијата со убиствата ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Д. Тахири

Tags: автобусиВучиќподдршкаПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ