• Latest
Фото: МНР

Средба Османи-Курти: Регионалната соработка е клучна алка во зајакнување на безбедноста

May 26, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Средба Османи-Курти: Регионалната соработка е клучна алка во зајакнување на безбедноста

May 26, 2023 14:01
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Фото: МНР

Фото: МНР

Share on FacebookShare on Twitter

 Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина, информираат од МНР.

Османи за време на средбата со косовскиот премиер ја потенцираше поддршката од страна на ОБСЕ во насока на креирањето и спроведување на реформите во Косово.

„ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува судските и изборните реформи на Косово, вклучително и измените на изборниот законик, а Косово треба целосно да ја искористи експертизата и ресурсите на Мисијата на ОБСЕ за да го унапреди спроведувањето на реформите, но и да ги зајакне меѓуетничките односи и безбедноста“, нагласи Османи.

Тема на разговор на денешната средба беше и заштитата на културното и верското наследство кое е клучно за почитување на правата на заедниците, како и поддршката на ОБСЕ за дијалогот предводен од ЕУ.

„Дијалогот предводен од ЕУ има вистински потенцијал да придонесе за безбедноста и стабилноста во регионот, но мора да се потпираме и на регионалните соработки кои се клучна алка во таа насока. Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион“, потенцираше Османи.

Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето и одржувањето на регионалните приоритети на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, а кои се однесуваат на помирување и градење доверба, антикорупција и климатски промени.

На средбата беа поздравени и одличните билатерални односи кои ги негуваат Северна Македонија и Косово, како и значајните резултати кои Мисијата на ОБСЕ во Косово ги остварува во насока на долгорочна поддршка за земјата за решавање на сите горливите прашања.

Претседавачот Османи заедно со Премиерот Курти, ја посетија и Академијата за јавна безбедност каде се сретнаа со полициските кадети од не мнозинските заедници.

 

Tags: Албин КуртиБујар ОсманиКосовоМНРОБСЕрегионална соработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ