• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Намалена инфлацијата во јули; ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите; војната стигна и на руска територија

August 7, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Намалена инфлацијата во јули; ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите; војната стигна и на руска територија

August 7, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Битиќи: Падот на инфлацијата продолжува и во јули

Падот на стапката на инфлација продолжува и во месец јули 2023 кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти, и како што и беше најавувано изминативе неколку месеци, Владата максимално посветено работи со сите расположливи мерки истата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Фејсбук“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„За околу две недели во парламентот на пленарна седница ќе излезат уставните измени. АА имаше состанок минатата недела на централното претседателство и воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме од Влада. Битно ни е да поминат уставните промени, сѐ уште сме оптимисти дека има шанси да се случат, да се започнат уставните промени. Ако не ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите така и ќе одлучуваат партиските тела“, изјави Арбен Таравари.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Партија на пензионери: ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите

ЗЕЛЕНИ ЕУ се надева дека штетниот модел на конзумирање облека наскоро би можел да стане минато. Минатиот месец, ЕУ усвои препораки за стратегијата на телото, вклучително и политики за да се направи облеката поцврста, поправлива и рециклирана. Тие, исто така, ги поддржаа регулативите кои сугерираат дека производството мора да ги почитува човековите, социјалните права и правата на етикетирање, благосостојбата на животните и животната средина низ целиот синџир на снабдување.

СВЕТ Истекува ултиматумот за хунтата во Нигер, пучистите бараат поддршка од платениците на Вагнер.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украина и Русија го прошируваат бојното поле, војната стигна и на руска територија.

АЛ-ПРЕС

Европски, американски и британски политичари и експерти упатија писмен повик до ЕУ, САД и Британија за поостар пристап кон Србија во однос на Косово, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, ЕУРОПОЛ отвори истрага за 1000 функционери корисници на контроверзната апликација СКАЈ.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„АСНОМ, се оддржа врз темелите на сопствената борба на Македонците и другите национални заедници, а како резултат на вековната енергија, државотворниот борбен и културнопросветителски пат. Имаше основа и поука дека треба да се избориме за да ја зграпчиме таа последна шанса за создавање на Македонска држава. За Собранието и одлуките беа информирани сојузниците кои го подржаа и поздравија, а со тоа се потврди и предходното верифицирање со одлуките на АВНОЈ од 1943 година“, пишува Борко Зафировски во колумната „Илинден е нашата напишана книга и Свечен чин, сето друго е митологија“.

*

„Национализмот е величење на своето и омраза кон другиот. Национализмот нема националност, секаде го има, кај сите нации и народи. Национализмот е „храна за гладен народ“, создаден од политиката. Политика која нуди омраза и поделби, политичарите на балканот го користат само да опстанат или да дојдат до власт и моќ, да ги штитат своите лични интереси“, пишува Зоран Анѓеловски во колумната „За идентитетот, за национализмот“.

*

„Добро прашање, навистина во кој и од кој кластер се контрашите изолатори на Македонија кои, кажано во една реченица, свесно, полусвесно, несвесно, од петни жили се обидуваат земјава пак да ја втурнат во децениските бугарски негаторски атари и сакајќи, несакајќи, да се стават на линијата на бугарската историска асимилаторска доктрина и, онака самоиловски заслепено, да ги следат своите авторитети, според онаа народната еден оди, сто води, зашто е навистина несфатливо да не видат дека делот припадници на нашиот источен сосед во уставот се само онаа нужна алатката за конечно, со европската институционална помош, Татковината да почне со реформите и бар малку да се помести од коруптивната реа или пак, скраја да е, целта им е токму тоа, да го одржат криминалниот транзициски амбиент во кој, додека сѐ уште никој не ги прашува за парите и додека се брчкаат по средноморскине „ол инклузив“ дестинации без ЕУ контрола, махерите од матното комотно да продолжат да ги шиткаат конструираните партиски гачки за идентитетот па, оттука, и логичното: навистина, од кој пак кластер се тие?, пишува Зоран Иванов во колумната „Навистина, од кој пак кластер се тие?“.

*

„Може да се заклучи дека Мицкоски се додворува и на умерените и на неумерените луѓе одеднаш, што значи, сфаќа дека – ако го упати ВМРО-ДПМНЕ да гласа за продолжување во ЕУ, ќе изгуби едни гласови, а ако остане на НЕ – ќе изгуби други гласови.

Свеста дека се „милијарда пати посилни“, дека требаат аргументи (иако има можности да тера само споделување емоција, како и да ја разбира во сите погрешности од таа област) и дека ЕУ ќе се помести на десно т.е. ќе се затвори за проширување – ја има. Оваа опуштеност на интервјуто, можеби е поинформативна од други пати…“, пишува Емилија Целаковска во колумната „Мицкоски на ТВ Алфа: Недоследен, без аргументи, празен, но опуштен“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ