• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Светски политичари со писмо до ЕУ и САД за несоодветниот однос кон Србија; балканскиот пироман Вучиќ; Европол отвори истрага за 1000 албански функционери корисници на СКАЈ

August 7, 2023

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Светски политичари со писмо до ЕУ и САД за несоодветниот однос кон Србија; балканскиот пироман Вучиќ; Европол отвори истрага за 1000 албански функционери корисници на СКАЈ

August 7, 2023 11:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европски, американски и британски политичари и експерти упатија писмен повик до ЕУ, САД и Британија за поостар пристап кон Србија во однос на Косово, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, ЕУРОПОЛ отвори истрага за 1000 функционери корисници на контроверзната апликација СКАЈ.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Телеграфи: Странски политичари испратија писмо до ЕУ, САД и Британија – бараат поостар пристап кон Србија во однос на Косово

Германски „Тагесшпигел“ излезе со статија во која пишува дека западните политичари повикале на реакција на дестабилизирачките тенденции на Србија, пренесува Телеграфи.

„Обидите на Србија да ги наруши демократските избори во Косово мора јавно да бидат осудени како странско мешање и мора да се преземат конкретни активности за да се бара одговорност од Србија доколку продолжи да ги поткопува слободните и фер избори“, се наведува во писмото на политичките експерти  до високиот претставник на ЕУ за За надворешни работи, Џозеп Борел, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Писмото го потпишаа и претседателот на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот од СПД и американскиот сенатор Боб Менендез, како министрите за надворешна политика на Велика Британија, Чешка, Украина, Ирска, Естонија и Литванија.

Коха: Името на балканскиот пироман е Александар Вучиќ

„Германскиот магазин „Дер Шпигел“ жестоко го критикува српскиот претседател за автократските тенденции во неговата земја и деструктивната улога во Косово, Црна Гора и Босна. Додека Вучиќ го поткопува мирот во регионот, Западот е премногу толерантен. Особено Мирослав Лајчак молчи за пропагандата на Вучиќ, пишува еден магазин од Хамбург.“, пренесува Коха.

Радио Косова е Лире -Едвард Џозеф: Украина е блиску до признавање на независноста на Косово

„Писмо потпишано од претседателите на парламентарните комисии за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и други земји, но на кое се приклучи и Олександр Мережко, претседател на Комисијата за надворешни работи на Украина, земја која сè уште не го признала Косово како држава предизвика реакции. Американскиот професор од универзитетот „Џон Хопкинс“, Едвард Џозеф, смета дека со овој чин на Мережком, дел од партијата на претседателот Зеленски, Украина се приближила до признавање на Косово. Преку објава на Твитер, Џозеф рече дека меѓу имињата потпишани во ова писмо, најважното е од Украина.“, пренесува Радио Косова е Лире.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: Европол истражува 1000 албански службеници како корисници на апликацијата SKY

„Адвокатот Крешник Спахиу во интервју за Еуроњуз Албанија изјави дека околу 30 отсто од корисниците на апликацијата СКАЈ, веќе прогласена за нелегална, се Албанци.

Тој рече дека меѓу корисниците 8000 од нив се Албанци кои престојуваат во Албанија, а за околу 1000 се зборува дека се високи функционери.

Спахиу рече дека Европол формирал специјални истражни групи во Албанија и дека може да имаме апсења на службеници кои ја користеле оваа апликација.“, пренесува Еуроњуз.

РТШ: Албанија и Италија постигнаа договор за признавање на пензиите , со бенефит 500 илјади албански имигранти

„Албанија и Италија постигнаа договор за признавање на пензиите на Албанците кои живеат во Италија. Како резултат на тоа, околу 500 илјади албански имигранти кои живеат и работат во соседната земја ќе имаат корист од признавањето на пензискиот систем меѓу двете земји.

Со овој договор ќе бидат опфатени старосните пензии, осигурувањето за боледување, породилно и осигурување од невработеност.“, пренесе РТШ.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Колку повеќе политичари на телевизија, толку повеќе има корупција

Случајот со поранешниот вицепремиер Ахметај и корупцијата што му се „закачува“,  покажува дека дел од нашите министри го користат шоуто како средство за да ја покажат разликата во отчетноста пред јавноста. И повеќе од тоа корисноста на мноштвото закони кои се создаваат и создаваат бескрајно за политичарите да најдат заштита, додека јавноста е изгубена во нивната џунгла. Затоа, се случува да се потребни случаи како оној на актерот Фуга, или убиства и тепања како оние на племето на социјалистичкиот пратеник во Круја, за да се откријат синџири на проблеми во нашето општество. „Колку е покорумпирана државата, толку побројни се законите“, напиша Тацит еднаш во „Аналите на римската Империја“, пишува Бен Андони во колумната „Колку повеќе политичари на телевизија, толку повеќе има корупција“, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ