ВЕСТ НА ДЕНОТ
Уставен оформи предмет за прекувремената работа на коридорите 8 и 10 Д
Уставниот суд информира дека е формиран предмет за измените и дополнувањата на Законот за работните односи, по иницијатива што ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човековите права.
Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Белорускиот режим и семејството Лукашенко соучесници на Кремљ во киднапирањето деца од окупираните територии на Украина
Белорусија уште пред почетокот на целосната руска агресија врз Украина служеше како тест полигон за руските воени сили, кои со благослов на белорускиот диктатор Александар Лукашенко се подготвуваа за напад врз суверена Украина. Нејзината територија и натаму пружа логистичка поддршка на руските вооружени сили при нападите врз Украина, а од неодамна таму почна да се преместува и дел од рускиот нуклеарен арсенал со кој Путин се заканува, не само на Украина, туку и на целиот демократски свет.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИПАРД Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај.
ПОДДРШКА Украинскиот министер изрази благодарност до Владата на Северна Македонија и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина.
МНР Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.
ИНТЕРВЈУ
Генерал Скибицкиј, Воено разузнавање на Украина, за украинската офанзива, руската воено-пропагандната машинерија, шансите за атомска војна и мрачната иднина на руската држава
Генерал мајор Вадим Скибицкиј, еден од највисоките претставници на Военото разузнавање на Украина, во обемното ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа, открива низа помалку познати и непознати детали за руската агресија и пропагандна војна.
Од одговорите на генералот дознаваме за динамиката и природата на воените дејствија, колку се моќни, што се случи и што се случува со пригожиновите вагнеровци, како и за вооружените бунтовнички групи на руска територија. Понатаму, дознаваме детали за руската пропагандна и информациска војна и можностите за нуклеарна војна.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Шпиони во СПАК; косовската влада ги започнува процедурите за нови избори на северот; трите приоритети за Берлинскиот процес.
АНАЛИЗИ
„Во времето на владеењето на Груевски фирмите мораа да го свиткаат грбот и да чекаат со години државата да им даде поврат на ДДВ или – не дај боже – да им плати за извршените услуги! Не останала во спомен никаква тогашна реакција на Комората. Сега, кога токму државата го подметна грбот во време на три светски кризи, опозицијата и преку коморџиите покажува анксиозност, кога е во прашање солидарноста“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Стопанствениците во време на груевизмот го држеа јазикот за забите кога државата им беше вечен должник“.
„Фактор.бг за улогата на Орце Камчев во влошувањето на македонско-бугарските односи во последните две години посочува на индициите од „протечените“ аудио записи од 2021 година во кои можеше да се чуе разговор на Мицкоски во кој се споменува Орце Камчев. Порталот укажува дека во снимката можеше да се чуе дека Камчев ги платил сметките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за возврат партија се бори да не му се суди во случаите на СЈО.“, се наведува меѓу другото во анализата на Фактор.бг – „Софиски „Фактор“ ги открива врските меѓу Орце Камчев, финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, и антибугарската реторика на Мицкоски“.
КОЗЕРИЈА
„Комитите на СДСМ кинисаа за Крушево во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република, односно да одбележат 120-годишнина од Илинденското востание. Меѓутоа, во Крушево продефилира само вмровската коњаница, сдсмовските комити се изгубија на патот.“, пишува Тодорка Комитка во козеријата „Комитите на СДСМ „залутаа“ на патот кон Крушево“.
Д. Тахири