• Latest

Стопанствениците во време на груевизмот го држеа јазикот за забите кога државата им беше вечен должник

August 2, 2023

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Стопанствениците во време на груевизмот го држеа јазикот за забите кога државата им беше вечен должник

Во времето на владеењето на Груевски фирмите мораа да го свиткаат грбот и да чекаат со години државата да им даде поврат на ДДВ или - не дај боже - да им плати за извршените услуги! Не останала во спомен никаква тогашна реакција на Комората. Сега, кога токму државата го подметна грбот во време на три светски кризи, опозицијата и преку коморџиите покажува анксиозност, кога е во прашање солидарноста

August 2, 2023 12:04
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Забележливо е дека, во последно време, оние од Шампитата се обидуваат огромната интелектуална инсуфициенција во однос на потребите на мигот да ги надоместуваат со ископување на лица од „архивата“, меѓу оние кои биле нивни копјаници во претходните децении. Бришењето на правот од времепловот го откри и ликот на некогашниот глодур на Нова Македонија – Никола Тасев, кој се реактивира со колумната под наслов „Неспособните од власта сакаат да ги јавнат способните од бизнисот“.

Помошта од власта требало да е еднонасочна

Повод за текстот на Тасев секако е Законот за солидарност што го донесе Владата за да ги засили платежните способности на земјата, силно исцрпувани во последните години од кризните ситуации. Се работи за период што сѐ уште трае и не одмина никого на планетата и тоа по три основи – како епидемија од најлош вид (нова, непозната на науката „чума“), инфлацијата која настапи последователно и одново како светски феномен и практично е несоборливa засега, а секако и имаме криза која се јавува со војната во Украина. Е таа „неспособнa  влада“ ги изнесе на својот грб практично сите бизнисмени, способни и неспособни, а доста од нив и од сегментот на т.н. воени профитери, фирми кои земаа помош од буџетот на државата, иако прилично се омастија од економските земјотреси кои се случија последните три години.

Но, да се вратиме на колумната – Никола Тасев пишува на стартот дека „Македонија по обичај кризира“. Тоа е првата реченица, а веќе погоре објаснивме дека овој „обичај“ барем последните календарски години не е „обичај“ туку правило и тоа светско, нели, па не може ни во сон да се спомене само како македонски феномен, освен ако не се врзува за години кога земјава беше небаре осамен остров среде Пацификот, практично без економски контакти со светот и без пријатели, нешто како Северна Кореја на континентот! Во оние 11 години од власта на Груевски, да појасниме.

Тасев веднаш објаснува дека „власта е неинвентивна како да нѐ извади од кризата. Единствено се инвентивни како да се поклонуваат пред секој странец и како да трошат народни пари“.

Неомилени кредити врзани со надзор на трошењето

Еве два примери од негово време, кога Тасев беше задолжен да го крои јавното мислење по вмровски терк. Министерот за финансии, Трајко Славески, своевремено, првите години од вмровскиот римејк, врати кредит добиен од ММФ во висина од 120 милиони долари, со камата од 2 отсто. Во она време тоа беа големи пари, а каматата најниска што некој заемобарач можел да ја добие. Па дури и да сонува!

СТАВРЕВСКИ, МИНОВСКИ И ГРУЕВСКИ Депутати на должничката економија – државата има, на сметка на фирмите на кои ќе им должи

Која e причина за одбивањето на тие пари, небаре во рака се држи жежок сад изваден од оган?

Па, ММФ бара строга контрола за начинот на кој се трошат парите. Е, тоа е првиот знак за постоење на власт која не сака никаква контрола, особено непристрасна, онаа која доаѓа од надворешни експерти. Таа епизода останува како „евергрин“ што целосно го објаснува груевизмот како феномен, а Славески може да им ја предава на студентите на Економски факултет, доколку се окуражи: таа епизода, прва по стекнувањето на независноста на земјата, е само зачеток на она што се означува како комплетна анти-НАТО и антиевропска стратегија! И беше прв обид за фрлање на земјава во прегратките на една од клучните земји на новиот империјализам (Кина) – кон БРИКС, нели, за што би се согласил идеологот на тој „излез за третиот свет “- Боцевски; најава за комплетно заминување кон групацијата која нема скрупули кон подмитувањето на заемобарателите.

Знаеме за она размислување на Груевски и Јанакиевски од типот „да не е многу пет проценти…“.

Е сега, како цех на тоа гушкање со Истокот од личен интерес, токму оваа Влада мора да ги враќа скапите кредити на Кинезите, да ја трпи неефикасноста на нејзината градежна егзекутива (една деценија за автопатот долг 65 километри, а крајот е далеку од завршување) и згора сегашната власт (ни лук јала…) да ги прима критиките од опозицијата за ваквите неефикасности и „трошења“ на кредитите на вмровските лидери од она време.

На јасли и фирми со профит

Но, Тасев си продолжува со мантрата. „Ама пари снемува, оти многу трошат. Е сега, така затекнати, почнуваат да биваат инвентивни како да зграбат уште пари за трошење. Овој пат нанишанија на стопанството, поточно кон најинвентивните, оние кои и во кризата знаат да водат успешен бизнис“.

Да, имаше такви фирми на кои државата им даваше пари за плати на вработените за време на кризите, а нивните газди се најдоа потоа на листата на профитерите (!). Не е згора, ако кажеме дека ги има таквите бизнисмени и на листата на Министерството за финансии на САД, на американската црна листа да појасниме. И сега – треба да се враќаат скапите кредити на груевизмот (и по половина милијарда евра годишно) и да има годишен поврат за кредити земани заради давање на плати на неспособните фирми кои се задавија со појавата на короната меѓу вработените (ај грубо да речеме на оваа сметка на спасување одат уште по половина милијарда евра годишно) и тогаш да резимираме кој и како трошел во овие кризни времиња и за која намена?

За ова говори и едно сведочење за ЦИВИЛ Медиа, за односот на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски. Стравот од бегалецот и денес е таков што тој сведок инсистираше да остане анонимен за јавноста.

ГРУЕВСКИ СО СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ Нека упати некој некаков прекор – една од таквите „еднонасочни“ во обраќањето средби со коморџиите

Фирмите на тенок конец (сведоштво)

Ова е суштината на проблемот со ДДВ и неподмирувањето на обврските на државата кон приватниот сектор, вели нашиот извор.

Авторитарниот стил на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во својата претензија за апсолутно подредување на сите сегменти од општеството, најде свој израз и во делот на поврат на ДДВ кон приватниот сектор и во однос на подмирувањето за извршени услуги од приватни компании (плаќање на фактури).

Груевски успеа, тоа што е законска обврска за поврат на ДДВ кон компании да го релативизира, да го вовлече во еден дискреционен простор во кој власта, по волја (волунтаристички), а не согласно правните норми, одлучуваше кога на одредена фирма ќе и биде извршен поврат на ДДВ.

Молкот на тогашните комори

Во однос на фактурите, исто така – продолжува соговорникот – не се почитуваа законските обврски, односно роковите за исплата на фактури (кои се декларираат и во самите фактури – може да биде 15 дена, 30 и сл.). На овој начин, во односот помеѓу државата и приватниот сектор се кристализираше волунтаристички, а не партнерски однос, заснован на законски норми. Груевски беше тој што одлучуваше. На овој начин фирмите се држеа во подредена положба, со нарушена ликвидност.

Дури и тогашниот молк, вели соговорникот на ЦИВИЛ Медиа, на коморите може да се толкува од овој аспект. Беа уценети, доведени до ѕид – молкот беше сојузник на режимот на Груевски, а тој компаниите ги замолчуваше и преку овој уценувачки однос преку ненавремена исплата на поврат на ДДВ и фактури за извршени услуги. На овој начин ги држеше на „тенок конец“.

„Ќе те развлече со повратот на ДДВ или исплата на фактури од државни институции или јавни претпријатија, ќе ти ја загрози ликвидноста дури и опстанокот на фирмата, ќе те доведе во ситуација да се молиш кај владејачката партија. Кога молиш, тогаш си подреден, во незавидна ситуација, подготвен и да исполниш одредени ‘барања’ кои владејачката партија ќе ти ги ‘испорача’“, вели соговорникот на ЦИВИЛ Медиа.

Нему не му беа потребни било какви владини одлуки, ниту ништо. Неговиот режим немаше развиена нормативна свест за тоа дека односите треба да се развиваат и одвиваат во одреден правен поредок. Не, тоа беше за него непознаница“, сведочи нашиот соговорник за тие времиња.

СИТЕ НА СОБИР Мора кремот на општеството да биде каде и да оди тој и да биде подготвен да носи пликца

Вокабуларот на Азески

Лесно е секако за првиот човек на Стопанската комора Азески да говори на најприземен начин за министрите кои „земале службени коли да одат по ниви или кај швалерки“. Но изгледа дека му е потешко да собере што сѐ треба да враќа актуелната Влада, а и сите ние со неа, заради тоа што тие како Тасев или Азески (овој вториов со уште поголем мотив за реакција), кога вистинскиот бесмислен трошач на буџетски пари (споменици, антиквизација) предизвикуваше страв и трепет. И кога Груевски јавно, пред собири на стопанственици, обзнани дека економијата не смее да помисли на брзо враќање на борчови од државата и нејзините органи!?

Има ли таков пример во современата економија, да го прашаме и Славевски, за фрлање на економијата од страна на државата во должничко ропство?! Или е ова  преседан. Го имаше ли тоа, јавно да ги прашам и Тасев и Азески, овој вториот особено, како заштитник на бизнисот? Дали тие лично имаа некаква јавна реакција за тој чин на Груевски?! Или тоа е можеби она што го очекува Тасев од власта – инвентивен чекор на министрите од она време со кој, божем, не им се качуваа на бизнисмените на вратот?

Ајде сега на видело пликцата во доброволно дарување

„Е како да не бидеш незадоволен, загрижен и налутен?“ – прашува колегата, ама сега, по повод Законот за солидарност. Таа е секако оправдана воздишка, но во погрешно доба, доста задоцнета; авторот требал да се врати на она вистинско време на товарење на бизнисмените, кога Груевски ќе ги повикаше да дојдат со подебели пликца на собири, каде, на пример, по мое сеќавање, имаше повеќе такви, треба да се даваат доброволни прилози за изградба на црквата Св. Елена и Константин, во центарот на градот.

Пликцата се даваа (во кеш, се разбира, не на сметка), а од завршување на црквата нема абер! Да не имавме, во меѓувреме, можеби некаква невидлива инфлација? Ама, ај да не ја чепкаме и таа тема, незгодна е и за бизнисот и за црквата, и за другите во ланецот на дародавството.

Добро е што авторот на коментарот – иако од иронична дистанца – укажува дека  власта му дала на знаење на бизнисот, ако оваа година се соберат 100 милиона евра данок на солидарност, следната година тоа ќе им влезе во трошок и низ помала даночна основица ќе плаќаат помалку (ова воопшто не се потенцира во нашите „независни“ медиуми). Авторот смета дека тоа ветување не е важно, бидејќи, СДСМ и ДУИ следната година нема да биле во власта, „па дај што ќе дадеш сега, а до година другите нека му ја мислат“. Како мисла на човек, кој ги знае плановите на идната власт, треба ли да заклучиме дека истата нема да признава континуитет на обврските?! Е, ова, пак, е типично вмровски – навестува нешто што не смее да го стори ниту една демократска власт!? Јасно, треба да имаме предвид дека може опозицијата, оваа секако, ако дојде на власт, да одреди нови години на невраќање на парите на стопанството како што еднаш направи. И тогаш власта должеше близу 100 милиони евра кон фирмите (!) само по основ на поврат на ДДВ и ѝ требаше време истиот да го симне на долг од „само“ 30 милиони евра дури во декември 2012 година, што го искористи да прави фешта пред киселите лица на стопанствениците.

Во овој текст се укажува дека „на седницата наменета за пратенички прашања… Груевски, одговарајќи, на прашање од пратеникот Васко Пашкоски, истакна дека на 16 септември, кога им вети на бизнисмените дека владата ќе им раздолжи што поскоро, неплатените обврски изнесувале 5,56 милијарди денари (92 милиони евра), а сега долгот изнесува 1,8 милијарди денари (29,5 милиони евра). Неплатените обврски, по рокот на доспевање, имаат драстично намалување за 68 проценти и е согласно она што го ветив во моето јавно обраќање пред сопствениците. Остануваме на нашето ветување дека до крајот на февруари ќе биде елиминиран овој проблем, изјави Груевски“. Некои од професорите кои ги запрашав за коментар, рекоа дека не можат да се сетат на таквите ситуации (!).

Па добро, ние секако сме земја каде сѐ се заборава експресно и тоа е еден од главните „адути“ на опозицијата за да опстојува во политиката како опција.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: беззакониебизнисГруевскиддвдолговирежимСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ