• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Притвор за возачот кој ја престигнувал колоната возила во која бил косовскиот автомобил; законски измени за престанок на мандатот на сегашниот Судскиот совет, Ковачки шири невистини

June 19, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Притвор за возачот кој ја престигнувал колоната возила во која бил косовскиот автомобил; законски измени за престанок на мандатот на сегашниот Судскиот совет, Ковачки шири невистини

June 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЈО: Обдукција на загинатите косовари во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тоа што се случи во Судски совет не загрижува сите и го осудуваме. Очекувам се да се врати во нормала. Едно од можните решенија, за кои ќе разговараме со политичките партии и со власта, е во законските преодни одредби да има престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело. Ако има вакви законски измени, тое ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии, изјави министерот за правда Кренар Лога по завршувањето на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Шуто Оризари

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ Новата учебна 2023-2024 година може да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни, сепак, постои можност почетокот да остане на 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование и наука, Јетон Шаќири се разгледуваат и анализираат овие предлози, но ниту еден од нив сè уште не е доставен до Владата.

ЗАКОН ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА Усвојувањето нa измените на Законот за матична евиденција ја стави Северна Македонија на вистинската патека да ги реши сите случаи на бездржавјанство до крајот на годината и со тоа да стане првата земја во Европа, која ќе стави крај на бездржавјанството и втора во светот, изјави Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ Двајца полициски службеници од Велес побарале поткуп од едно лице за да не го казнат поради сообраќаен прекршок. . Против полициските службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

СВЕТ Сенатот на Австралија денеска гласаше за одржување референдум за промена на Уставот на земјата за признавање на домородните народи, Абориџините и жителите на островите на Торес Стрејт

 

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украинските сили продолжија со контраофанзивните акции на најмалку четири сектори на фронтот  и остварија ограничени територијални придобивки. Геолокацираните снимки сугерираат дека украинските сили направиле ограничен напредок на 30 километри јужно од Кремина, објави Институтот за изучување на војната (ISW) во извештајот за  состојбата на фронтот во Украина од 18 јуни.

*

Високи членови на руската влада, функционери, политичари и влијателни бизнисмени поврзани со владата значително го зголемија консумирањето алкохол како доминантен метод за бегство од реалноста и како средство за справување со стресот предизвикан од санкциите и тековната војна, открива независниот руски медија аутлет „Верстка“.

АЛ-ПРЕС

По разговори со НАТО, претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, најави дека ќе отпатува во Вашингтон за да разговара за ситуацијата на северот на Косово, а косовската полиција соопшти дека уапсила осомничен за нападот врз новинарите во Лепосавиќ на 16 јуни…

Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, организираа јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки шири невистини дури и за трагедијата во Лепенец во која загинаа три лица

Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку објава на социјалните мрежи се обидува да ги вознемири граѓаните ширејќи невистини за наводно нелегално присуство на полициските службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец пришто загинаа три лица.

ИНТЕРВЈУ

Енди Јен – CEO на Протон лаб: Македонија е мала, но има голем потенцијал за развој на ИТ технологијата

Енди Јен основач и генерален директор на една од водечките компании во интернет просторот особено во заштитата на приватноста, во интервју за Цивил Медиа говори за потребата од безбеден интернет, но и за обидите за злоупотреба од страна на хибридни закани какви што се случуваат низ светот па и во Македонија.

 

Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, во интервју за Цивил Медиа вели дека Русија е држава-терорист која е целосно одговорна за разнесувањето на браната на ХЕЦ Каховка. Несомнено е дека намерното разнесување на браната го извршија руските окупатори за да создадат еколошка катастрофа и да ја усложнат деокупацијата на украинските територии. Нејзиното разнесување на 6 јуни 2023 година е уште едно злосторство без преседан на русија против Украина, кое ќе има катастрофални последици за населението не само на јужниот регион на земјата, туку и на другите земји. Сепак, зборуваме за еколошки и економски последици, голема закана за радијационата и прехранбената безбедност.

Д. Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВестиДневникизјавиинтервјуМултикултура
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ