• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Почна кампањата „Ние сме Европа“; за Спасовски внатрешна изолација на државата е неприфатлива; Ден на украинското знаме

August 23, 2023
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

October 10, 2025
РЕК Битола

Уапсен Борче Марковски од „Марковски компани“: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 10, 2025

Нобеловата награда за мир 2025 оди кај Марија Корина Мачадо – симболот на отпорот против диктатурата во Венецуела

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Почна кампањата „Ние сме Европа“; за Спасовски внатрешна изолација на државата е неприфатлива; Ден на украинското знаме

August 23, 2023 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија. Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

„Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски“, информираше вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната промоција на кампањата во просториите на СЕП.

Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Изолацијата на државата, посебно изолација која што доаѓа од внатре е неприфатлива. Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните. Мислам дека никој нема право да ја држи во заложништво перспективата на македонските граѓани. Посакувам час поскоро да ги завршиме сите овие активности и Република Северна Македонија да продолжи напред на патот кон европските интеграции заради тоа што ако застанеме на овој пат, многу години чекање како што се чекаше досега има негативен ефект исклучиво врз граѓаните и врз државата, а не врз политичарите“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ објави извештај за дезинформации кои се појавија во 2018 година, а се реактивираа денеска, за наводен осиромашен ураниум во „Криволак“.

Оваа дезинформација беше активирана за време на кампањата за референдум за Договорот меѓу Македонија и Грција (Фејсбук страната „Македонија“ на 19 август 2018 година, сподели дезинформација од прорускиот портал Слободенпростор), а истите партиски кујни ја реактивираат и во овој период кога започна процесот за уставните измени.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Денеска, 23 август 2023 година, Украина го одбележува Денот на државното знаме. Празникот е востановен „…во чест на вековната историја на украинската државност, државните симболи на независна Украина и со цел да се поттикне почитта на граѓаните кон државните симболи на Украина“, според претседателскиот декрет од август. 23, 2004. Во 2009 година, Уредбата беше изменета и годишната официјална церемонија на подигнување на знамето беше воведена низ Украина на 23 авгус. Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, по повод Денот на знамето им се заблагодари на македонски пријатели за помошта и поддршката на Украина во борбата против државата-терорист рф.

*

Москва подготви „план за развој“ за окупираниот Мариупол, кој вклучува зголемување на населението за околу 300.000 преку миграција од Русија, објави Националниот центар за отпор на Украина

ФЛЕШ ВЕСТИ

СПОМЕН Во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, во кругот на СВР Куманово беше откриено Спомен обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, а во одбрана на Куманово и на татковината.

РЕГИОН Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека деескалацијата на состојбата во четирите општини во северно Косово веќе се случила и дека треба да се работи на спречување на евентуална нова ескалација, која, според него, може да се случи единствено доколку бидат организирани насилни протести од страна на официјален Белград.

СРЕДБА Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.

АНАЛИЗИ

„Без оглед на тоа колку изгледа дека се различни, треба да биде јасно дека „братските“ изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ и на неговиот пријател и штитеник, српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, се дел од истиот наратив. Едниот со стап, а другиот со „прегратка“, градат наратив на „братска поврзаност“ – колку против Албанците, толку, ако не и уште повеќе – против Западот…“, пишува Џабир Дерала во анализата „ПРОПАГАНДНИ НАРАТИВИ: Српска „братска одбрана“ на Македонците од Албанците, „судбината“ на Украина и ѕвецкање со оружје“.

ИНТЕРВЈУ

Професорот Оливер Андонов кој се смета за фракција во ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за предизвиците со кои ќе се соочи Македонија доколку не ги продолжи интегративните процеси. Тој смета дека недонесувањето на уставните измени се клучниот фактор Македонија да остане надвор од процесите за интеграција во ЕУ. Според Андонов, членството во ЕУ не е стратешка цел исклучиво на Македонија, тоа е интерес и на самата Унија, но и на НАТО.

Повеќе на следниот ЛИНК

ГОВОР НА ОМРАЗА

Повод за антизападни политички критики стана дури и смртта на италијанскиот пејач Тото Котуњо, кој е запаметен по легендарната песна „Инсиеме“ (Заедно), во која пее за обединета Европа. Со добро познатата анти-НАТО и анти-ЕУ реторика, претставници на опозициската партија Левица, решија да ја искористат смртта на пејачот во обид да извлечат ситни политички поени. Такви ставови сподели координаторот на Левица за секторот култура, Тони Димитров на социјалните мрежи, кој воедно е и директор на Културно информативниот центар – Скопје.

Повеќе на следниот ЛИНК

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како се нарекува состојбата кога народот е убеден дека она што го прави е негов интерес, а всушност цело време се работи за туѓ интерес? Заблуда? Заблудата кај граѓаните ја прават вештите манипулатори кои своите цели ги преставуваат како колективни, а после истиот тој народ од нив прави митови. Споменете си која било историска величина и подразмислете малку. Веројатно заклучокот ќе биде дека биле добри манипулатори“, пишува Војо Маневски во колумната „Шаховска завршница“.

За Данела Арсовска и нејзината инцијата за враќање на Ќосето, пишува Петрит Сарачини во „Арсовска со иницијатива за враќање на Ќосето: Рециклирање на минатото, груевизмот и криминалниот проект „Скопје 2014“. За Христијан Мицкоски, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, против ЕУ, пишува Ненад Јовановиќ во „Со клуч во рака, мавта и бара глас за да ја затвори оваа земја“. За говорот на Мицкоски во Кичево, и за каков наратив се работи, пишува Јане Ѓорѓиоски во „Каде Мицкоски ја носи Македонија, ако ЕУ и Западот му се политички противници?“

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕдезинформацииДен на знамето на УкраинаЕУМВР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ