ВЕСТ НА ДЕНОТ
Северна Македонија почнува преговори за пристап до Програмата на ЕУ за животна средина
Европската комисија денеска започнува преговори со седум држави што не се членки на ЕУ, меѓу кои и со Северна Македонија, за нивно поврзување со Програмата на Унијата за животна средина и клима (ЛИФЕ).
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ахмети бара меѓународни експерти за борба против корупција, вклучително и во ДУИ
„Tука во оваа сала е донесена одлука во којашто е побарано да се отвори истрага за сите функционери на ДУИ почнувајќи од мене. Да се почне истрагата, и оваа одлука е поднесено како официјално барање тогаш до Специјалното јавно обвинителство, до Јанева и до Јавниот Обвинител на кој му имам кажано дека ќе ја има мојата поддршка во Парламентот, само доколку отвори истрага за сите членови на ДУИ, почнувајќи од мене па се до последниот функционер во ДУИ, градоначалник, министри, директори. Затоа што не може партијата да биде обвинител.“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференцијата по завршување на внатрепартиските избори.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
За 24 часа, Русите 85 пати го гранатираа регионот Херсон
Во текот на изминатиот ден, шест цивили, меѓу кои и едно дете, беа повредени во областа Херсон како резултат на руска вооружена агресија.
*
Европската унија може да ги укине санкциите за руска банка, за да го зачува „договорот за жито“
Европската унија размислува да и дозволи на руската санкционирана банка да создаде подружница која ќе може повторно да се поврзе со меѓународниот меѓубанкарски систем за информации и плаќање SWIFT.
*
Малиар: Украинската армија за една недела ослободи територија од 37 квадратни километри
Украинската армија за една недела повратила територија од 37 квадратни километри од руските сили на истокот и југот на земјата, како дел од контраофанзивата што ја спроведува во овие области, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана Гана Малиар.
*
Украинските сили постепено напредуваат кон Бахмут, минатата недела деокупирани 9 квадратни километри на исток и повеќе од 28 квадратни километри на југ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МИОА – Во Брисел е постигнат договор со кој четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се приклучат на програмата за Дигитална Европа, што отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции или различни организации да учествуваат во проекти, при што планираниот вкупен буџет изнесува 7,5 милијарди евра.
ПАТАРИНА Завршено тестирањето за единствен таг за електронска наплата помеѓу Србија и Северна Македонија.
ДЗС На високите стручни школи и на факултетите во државава во академската 2022/2023 година се запишале 53 821 студент, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на академската 2021/2022 година.
ПЛАТИ Претставниците на синдикатите изјавија дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет не е постигнат договор со Владата за методологијата за усогласување на платите.
МТСП Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите.
АЛ-ПРЕС
(ИЗБОР) Албански медиуми: КФОР со тридневна обука во осум косовски општини; Курти вели дека ЕУ мерките врз Косово се привремени и нефер; дали Рама се откажа од „Отворен Балкан“?
ИНТЕРВЈУ
Лариса Дир: Украина треба да стане членка на НАТО, водството на рф мора да одговара за злосторствата
Бројот на држави чии парламенти го признаа Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид особено се зголеми по почетокот на инвазијата од големи размери на рф во Украина. Неодамна, на пример, само во текот на јуни 2023 година, Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше признат од парламентите на Луксембург, Словачка, Хрватска, поточно парламентот на Хрватска донесе таква одлука на 28 јуни 2023 година, на Денот на Уставот Украина.
Овој Меѓународен форум ќе стане еден вид платформа за свесност за Гладоморот, за разбирање на тоа дека рф останува држава која врши геноцид, како и за солидарност со Украина, вели меѓу другото украинската амбасадорка, Н.Е. Лариса Дир во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Андреа Силвестри: Ако до ноември се усвојат уставните измени, ќе следи автоматско свикување за влез во ЕУ, без дополнителни услови
Владата на Џорџа Мелони, дава безрезервна поддршка за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Ова го тврди амбасадорот на Република Италија во РСМ, Андреа Силвестри во интервјуто за нашата редакција. Тој истакнува дека сега сме во фаза на скрининг која би требало да заврши отприлика во ноември.
АНАЛИЗА
„Дијаметралните спротивни ставови помеѓу политичките партии можат да предизвикаат предизвици и пречки за формирање на стабилна влада. Вакви спротивни ставови можат да резултираат во политичка парализа и блокада на процесот на одлучување.“, пишува меѓу другото авторот Назми Абдурахмани во анализата „Слонот во стаклената соба – Политичка криза која не се решава со избори“.
СЛОБОДНА ЗОНА
Денеска во Слободна зона: Љубиша Николовски – Пендаровски да каже кои партии и личности соработуваат со руските служби, Тони Поповски – Изгубени во преводот, пронајдени во рајот или пеколот, Катерина Колозова – Коренот на авторитарниот ум: Високото образование во Македонија, Ненад Јовановиќ – Авторитетот на Путин е разнишан, Зеленски ја добива војната?!.
Д. Тахири