• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: КФОР со тридневна обука во осум косовски општини; Курти вели дека ЕУ мерките врз Косово се привремени и нефер; дали Рама се откажа од „Отворен Балкан“?

July 3, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: КФОР со тридневна обука во осум косовски општини; Курти вели дека ЕУ мерките врз Косово се привремени и нефер; дали Рама се откажа од „Отворен Балкан“?

July 3, 2023 12:48
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на КФОР во Косово ќе спроведе рутински воени вежби во западниот дел, од 4 до 6 јули 2023 година, а премиерот Курти ги нарече привремени и неправедни мерките што ги најави Европската унија против Косово, пишуваат  косовските медиуми. Во Албанија, изјавата на премиерот Рама дека Отворен Балкан ја исполнил својата мисија и дека треба да се посвети на Берлинскиот процес, е предмет на анализи од различни агли.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: КФОР ќе спроведе тридневна обука во осум општини

„Мисијата на КФОР во Косово ќе спроведе рутински воени вежби во западниот дел, од 4 до 6 јули 2023 година.

Во коминикето до медиумите, КФОР најави дека вежбите ќе ги изведува мултинационалниот контингент, со цел да се подобри подготвеноста и подготовката на единиците.“, пренесе Коха.

Клан Косова: Курти повторно ги нарече мерките на ЕУ привремени и нефер

Косовскиот премиер Албин Курти уште еднаш ги нарече привремени и неправедни мерките што ги најави Европската унија против Косово.

Осврнувајќи се на овие мерки, меѓу другото, тој рече дека станува збор за откажување на посетите, пренесува Клан Косова.

„Точно е дека се најавени мерки и дел од нив се спроведени. Знаете дека големата вежба Defender Europe 2023, особено во Ѓаковица, кога ја планиравме, беше откажана“, рече Курти.

РТВ 21: Експлозија во Северна Митровица, полицијата со детали

Силна експлозија се случи овој понеделник на улицата „Колашини“ во „Тре рокаќиеј“ во Северна Митровица.

Веста ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северен регион Ветон Елшани, пренесува РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Бота Сот: Се откажа ли Еди Рама од Отворен Балкан?

Албанскиот премиер Еди Рама во саботата изјави дека регионалната иницијатива „Отворен Балкан“  ја исполнила својата мисија и дека е време да се погледне патот кон членството во ЕУ бидејќи главниот град Тирана треба да го одржи Самитот за  Берлинскиот процес  во октомври.

Рама рече дека тоа „е иницијатива родена од потребата да се турка напред Берлинскиот процес и ја исполни мисијата за која е роден. Сега мораме  нурнеме во Берлинскиот процес бидејќи ја имаме оваа можност“, пренесе Бота Сот, цитирајќи го Еурактив.

Европа е Лире: Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во посета на Албанија

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ќе престојува два дена во Албанија, во првата посета на оваа земја.

Свеченост во чест на поранешниот американски претседател ќе се одржи во 19 часот на булеварот „Херои  на нацијата“, пред албанската Влада, на која ќе учествуваат и граѓани, пренесува Радио Слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Балкан Веб: Можеби на Косово ќе му се  помогне  слушајќи го, господине Рама!

„Во своите изјави, премиерот Рама ѝ даде на јавноста малку остриот раб на прекорниот јазик кога требаше да се процени што прави или не прави Косово во однос на влошувањето на ситуацијата на северот на земјата; звучеше како четириесетте ранети војници на КФОР да се претепани од самиот Курти, од симпатизерите на Свечла и Ветевендосје, а не од паравоена организација поврзана со безбедносните структури во Србија.

Можеби ќе можеше повеќе да помогне доколку се воздржеше од тонот и содржината на изјавите. Веќе неколку години се направени неколку работи, кои не помогнаа или покажаа конзистентност на позициите, од залагање за одвојување на Косово и заедничко претседателство Косово-Албанија, прекорување на Косово што не влегува во Отворен Балкан и се занимава со влез или не на градоначалникот на Косово во неговиот кабинет.

Со истата посветеност на Косово, ако нешто вреди, омекнувањето на обемот на јавни изјави можеби би помогнало за нешто ново, како што е создавање простор за слушање.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Можеби на Косово ќе му се  помогне  слушајќи го, господине Рама!“, објавена во Балкан Веб.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ