ВЕСТ НА ДЕНОТ
Конференција на ЦИВИЛ: Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност
Со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот, ЦИВИЛ/Зелен ЦИВИЛ денеска ја одржа конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.
Учесници на Конференцијата беа: вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, Самир Бехариќ од БиХ и Газменд Берлајоли од Косово, Филип Ивановски, Пакомак и Живко Серафимовски, Нутривет, потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулебанова, главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Битиќи: Циркуларната економија носи развој за секоја економија и заштита на животната средина
„Првата, можеби и најважна перспектива во трансформацијата на економиите е тие да вложуваат во креирање на производи кои имаат поголема долготрајност и истовремено да можат да се рециклираат за целиот циклус да биде одржлив. Клучен момент во овој процес е и нашето вложување во енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи ресурси. Забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција. Ова вклучува проширување на употребата на соларна, ветерна и хидро енергија, како и инвестирање во енергетски ефикасни технологии и инфраструктура“, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украинската војска ги доби ракетите Storm Shadow (Сенката на ураганот) од Обединетото Кралство и веќе добро го користи новото оружје што значително ги зајакнува способностите на Кијив за удари со долг дострел длабоко во руската позадина на окупираните подрачја.
„Руското воено раководство го преувеличува значењето на заземањето на Бахмут наспроти позадината на ранливоста на борбената ситуација за руските трупи во пошироката област“, објави во својот извештај американскиот Институт за проучување на војната.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КОРИДОР 8 Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека оваа Влада се избори Коридорот 8 да стане главен коридор на ЕУ, таквото барање, поднесено во 2013, било одбиено.
РЕГИОН Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за закани со бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни
ИНТЕРВЈУ
Дескоски: Арбитражата е стандардна процедура во секој меѓународен договор
Интервју на новинарот Љубиша Николовски со професорот Тони Дескоски
Подготви: Б. Јордановска