ВЕСТ НА ДЕНОТ
Шесто издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023 во Скопје
Во Скопје денеска и утре се одржува шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023, во организација на ЗИП институтот во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ.
МЕФ Енергетскиот Форум 2023 се одржува под покровителство на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Во наредните два дена високи претставници на власта, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни организации и граѓански организации ќе дискутираат на тема „Подобрување на триаголникот: Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Битиќи: Транзицијата кон обновливи извори на енергија е императив во креирањето политики
Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 – 15% од БДП во нашата економија, тогаш јасно е дека, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор, денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашата економија и благосостојбата но и енергетската безбедност на идните генерации“, рече меѓу другото во воведното обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на отворањето на МЕФ енергетскиот форум во Скопје.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Напади со дронови
Утрото на 30 мај, наводно, голем број беспилотни летала ја нападнале Москва, соопшти градоначалникот Сергеу Собјанин.
Напад врз Кијив
Ноќта на 30 мај 2023 година, Русија изврши нов напад врз главниот град на Украина, што е четврти пат во изминатите два дена.
Анализа – Русија си пука во нога со „признавањето на новите територијални реалности“ и ја губи поддршката кај „своите“ поранешни советски републики
Москва го крие недостатокот на средства за продолжување на војната во Украина зад бравурозните социјални изјави на Путин, класифицираните податоци (повеќе од половина) за расходите на државниот буџет со барања (бидејќи нема што друго да се направи) веднаш да се одмрзне рускиот имот. На пример, оние складирани во ОК во износ од 26 милијарди фунти.
ФЛЕШ ВЕСТИ
УСТАВНИ ИЗМЕНИ Предлог-иницијативата за уставни измени во Министерството за правда каде се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат од МП.
ЕТИЧКИ КОДЕКС ДИК ги усвои Етичкиот кодекс за изборните административци и за членовите на Комисијата.
ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ „Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси“, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.
ПРАВДА Абдулфета Алими, осудениот на 6 години затвор за настаните од 27 април, денеска излезе од затвор.
АЛ-ПРЕС
(ИЗБОР) Албански медиуми: Трет ден протести на северот на Косово; КФОР бара одговорност од двете страни; „капите“ на Беливук препознаени на протестите; градоначалниците не можат да влезат во општинските објекти
СЛОБОДНА ЗОНА
„Не е потребно да имаме мозокот како Ајнштајн, за да сфатиме што е лошо, а што е добро, што е лага, а што е вистина. Не е комплицирано да се открие кој манипулира со фактите за да наштети некому и да се стекне со пари и/или моќ, а кој ги презентира фактите за да ја информира јавноста. Во оваа кратка белешка, нашиот таксист е вистински општествено одговорен, за разлика од оние во чиј опис и дефиниција се подразбира општествената одговорност, а никогаш не ја практикуваат.“, пишува Џабир Дерала во колумната „И јас ја прочитав Мајн Кампф, па не станав фашист“.
Д. Тахири