• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

И јас ја прочитав Мајн Кампф, па не станав фашист

May 30, 2023

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

И јас ја прочитав Мајн Кампф, па не станав фашист

Инспириран од разговорот со еден скопски интелектуалец - таксист...

May 30, 2023 12:51
in ES-PRESS-O, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Дискутираме со таксистот за ситуацијата во земјата. Не е пресреќен со развојот на настаните, со атмосферата, со бавниот тек на реформите. Јасно му е сѐ. Се движи низ сообраќајот и низ своите мисли со леснотија, како олимписка клизачица на рутински тренинг. Покажува извонредна способност за смирена, и не помалку духовита, дискусија на различни теми.

Центар на град е, велам, нормално е да има згради, други работи не се нормални. Во секој случај, не е нормално да се градат згради на Водно, вели тој, цел град направија таму. И зошто уште се гради толку многу кога толку згради зјаат празни, реторички прашува тој. Се согласувам со него. Заеднички доаѓаме до заклучок дека бизнисот со станови никогаш не бил чист. Онака, како во симултанка, да ги поставиме фигурите за потешки потези во муабетот.

Новата книга од Груевски

Времето со луѓе како овој таксист е вистински кратко, се мери во минути и секунди, а ставовите што се разгледуваат, по својата тежина и комплексноста, далеку ја надминуваат вредноста на скапо платените истражувања од рекетарските медиуми и невладини фолиранти.

Разговараме за тоа колку лесно им веруваат луѓето на лагите.

„Би ја прочитал новата книга од Груевски, вели, баш ме интересира. И Мајн Кампф ја имам прочитано, па не станав фашист!

Маестрална паралела! Браво. Треба ли посебно да се објаснува што содржи оваа мисла?

Мислењето е сложен когнитивен процес и не значи дека оној што ги восприема информациите има задача само да ги копи-пејстира во својата свест без да ги обработи и да ги стави во контекст на сопствените вредности и искуство.

Нема потреба посебно да се толкува пораката дека, ако го прочитате Груевски или ако ги слушате лудостите на квази интелектуалците, академиците, инфлуенсерите и опинион мејкерите, не значи дека ќе станете тоа што тие сакаат да станете. Тоа е. И јас ја прочитав Мајн Кампф, па не станав фашист, исто како и нашиот пријател таксист.

Или, со други зборови:

Потенцијалниот фашист, не мора да ја прочита Мајн Кампф од Хитлер. Доволно е да сака да биде тоа. 

Не е потребно да имаме мозокот како Ајнштајн, за да сфатиме што е лошо, а што е добро, што е лага, а што е вистина. Не е комплицирано да се открие кој манипулира со фактите за да наштети некому и да се стекне со пари и/или моќ, а кој ги презентира фактите за да ја информира јавноста. Во оваа кратка белешка, нашиот таксист е вистински општествено одговорен, за разлика од оние во чиј опис и дефиниција се подразбира општествената одговорност, а никогаш не ја практикуваат.

Зарем има толку многу будали?

Зарем има толку многу будали? Зарем глупоста е епидемија што го поразила човештвото и без да забележиме? Не. Се работи за нешто друго. Многумина прифаќаат да бидат будали, за да ја прикријат сопствената поддршка за национализмот, дискриминацијата, варваризмот и злосторничките идеи и акти. Така, тие наоѓаат потврда за сопствените морални деформитети, нечовечни мисли и убедувања кај лажни авторитети.

Иако навидум изгледаат како огласни табли и алатки за манипулирање што не уживаат висока доверба, медиумите се многу поопасно оружје. Но колку и да мислат дека се важни, медиумите и интелектуалците имаат само сервисна улога. Голем дел од нив се, за жал, обични прислужници на моќниците во политиката, бизнисот и верските заедници. Тие владеат со не мал дел од медиумите, интелектуалците, невладините, па и со криминалното подземје.

Топчии

Новинарите и интелектуалците (и невладините фолиранти) се обични топчии кои безмилосно и неселективно ги бомбардираат мислите, убедувањата, емоциите и моралот на луѓето.

Скопје е еден од ретките градови каде што меѓу јавно (само)декларираните интелектуалци ќе најдете најмалку интелектуална тежина и зрелост. Наспроти професиите каде што очекувате, а не успевате да најдете високо интелектуално ниво и капацитет, стојат многу вистински интелектуалци во професии каде што тоа просечен гледач на македонските ТВ станици не го очекува.

Меѓу скопските таксисти, угостители и трговци, секако и во други професии, има исклучително висока концентрација на луѓе со извонредно широки познавања и аналитички способности.

Не можеме да ги прифатиме нештата како нормални, ако знаеме дека не се. Ако знаеме дека нешто не е в ред, не можеме и не смееме да се преправаме дека сѐ е како што треба. Мора да дадеме сѐ од себе да ги промениме. Тоа е единственото „нормално“ за нормален човек.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: манипулацииМедиумифашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ