• Latest

Дерала: Една изборна единица за целосна демократизација на изборите

June 6, 2018
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Една изборна единица за целосна демократизација на изборите

June 6, 2018 16:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На јавниот настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“  во организација на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, како претставник на организацијата, ги истакна сите препораки од мониторингот на локалните избори 2017, кои во голем дел се повторуваат во сите досегашни изборни процеси.

„ЦИВИЛ повика на максимална заштита на правото на глас на граѓанките и граѓаните, на решителна акција против политичката корупција која е широко распространета, како и против купувањето на гласови… ДИК мора да се професионализира и да биде независна, а не предмет на политичка корупција. ЦИВИЛ бара сериозна ревизија на Избирачкиот список. Изборниот законик има сериозни недостатоци, а институциите како да се присетија на него во пресрет на избори…“, истакна Дерала, преку бројни, конкретни примери што укажуваат на недоследностите во изборните процеси.

Тој истакна дека ЦИВИЛ со години наназад бара Македонија да биде една изборна единица со што ќе се демократизираат изборните процеси, целото општество и ќе се даде простор за политичко изразување и на помалите политички партии.

„Досега за една изборна единица гледаме дека само декларативно зборува премиерот, но не гледаме поместување по ова прашање дури ни од помалите политички партии во чиј интерес е решавањето на ова прашање. Исто така, бараме и заострување на критериумите за политичкото финансирање. Во моментот имаме ситуација во која финансирањето за време на избори им овозможува на некој начин на политичките партии да ги штелуваат своите финансиски извештаи, бидејќи со Пржинскиот договр имаат дополнително време за нивно објавување, односно штелување“, изјави Дерала.

За медиумите, Дерала изјави дека овој јавен настан е аларм, предупредување дека изборите бргу ќе дојдат, а процесот за подобрување на изборите е бавен и недоволно транспарентен.

„Државната изборна комисија ја видовме како една од најодговорните институции која грубо го повреди правото на глас на изборите во 2016 и 2017 година. Тоа треба да се регулира со професионализирање на ДИК со што ќе се даде предност на словото на законот, а политичките влијанија ќе се исчистат“, изјави Дерала.

Говорници на настанот беа и Хедер Роберсон Гастон (САД), Сашо Орданоски, и Александар Новакоски.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

 

Tags: избориЦивилЏабир Дерала
Share89TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ