• Latest

Дерала: Говорот на омразата го радикализира општеството!

September 24, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Говорот на омразата го радикализира општеството!

September 24, 2018 18:46
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, РЕФЕРЕНДУМ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: „Долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ веќе подолго време ги набљудуваат состојбата, настаните и процесите поврзани со референдумското изјаснување на 30 септември. Во период од повеќе месеци, мониторираат над 30 набљудувачи на ЦИВИЛ. Тоа особено се интезивира, се разбира, со почетокот на септември“.

„На почетокот на месецот, ние забележавме низа проблеми кои се однесуваат на правото на глас на граѓанките и граѓаните. Пред сè, се работи за низа случаи во кои граѓанките и граѓаните се под силна пресија како на онлајн медиумите и онлајн мрежите, социјалните мрежи, така и во секојдневниот живот. Тие се соочуваат со закани и притисоци да гласаат ‘против’, да се приклучат на движењето за бојкотирање на овој процес, меѓутоа исто така, се забележуваат и неколку случаи во кои тие трпат притисоци и да гласаат ‘за’…

Овие притисоци ги забележуваме на сите нивоа и во повеќе општини во Република Македонија. Со детални извештаи секако дека ќе излеземе во текот на оваа недела, за да можеме да предупредиме на овие појави. Она што најмногу ја засегнува нашата работа за мониторинг на референдумот, се однесува на една крајно незаконски и недозволена постапка, односно, активност, а тоа е дека одредени структури нудат пари. Веќе ги знаеме и износите на парите што им се нудат на социјално загрозени семејства за да ги предадат своите лични документи на 29 септември, а да ги добијат назад на 1 октомври. И, со тоа да бидат оневозможени да го искористат своето право на глас. Поточно, ние веќе имаме седум општини во коишто се забележуваат вакви случаи во овој момент. Ги алармираме институциите да преземат мерки и решително да санкционираат ваква незаконска и недозволена активност на одредени структури и тоа сметаме дека мора да се направи час поскоро. Со нашите информации, им стоиме на располагање на институциите за да можат да преземат мерки според законот…

Тоа што постојано го апелираме, би сакале и во оваа прилика да го направиме: на говорот на омраза граѓаните да не одговараат со говор на омраза! Бидејќи говорот на омразата го радикализира општеството, го дели и понатаму општеството и придонесува кон тензии, а се разбира и со тоа води кон безбедносни предизвици за целата земја. Заради тоа, на говорот на омразата – без говор на омраза, туку со аргументи и се разбира, со насмевка“.


Содржината е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ