• Latest
Џабир Дерала на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Изборите се најевтината инвестиција со највисок политички профит

October 17, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Дерала: Изборите се најевтината инвестиција со највисок политички профит

October 17, 2025 10:49
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Џабир Дерала на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“, дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, истакна дека на авторитарните режими не им е битно да убедат некој дали е факт или вистина, ним им е битно да предизвикаат недоверба, страв и несигурност.

„Не можеме да зборуваме за вистински демократски процеси кога збориме за изборни процеси на Западен Балкан. Во тој контекст Западен Балкан предничи во искористување на национализмот и националистичката омраза во најевтината инвестиција со нависок профит, а тоа се изборите“, изјави Дерала.

Тој додаде дека најевтино се инвестира во национализмот, а се добива голем профит. Имаме политичка култура оној што ја добива власта добива се, а оној што губи ќе изгуби се.

„Ние имаме ситуација во која изборниот процес е целосно заробен како од комплексните операции на пропагандните машинерии, но истовремено има заробување на стратешки важните институции во системот како што е ДИК, па завршувајќи со оние што се занимаваат со корупција, дискриминација, владеење на правото. Но најважни се медиумите. Тие што го контролираат наративот им требаат медиумите за дистрибуција, со што едноставно се прегазува волјата на гласачите, се прегазува демократската димензија на изборите и ја претвораат во илузија на демократијата“, истакна Дерала.

Дерала истакна дека сите независни канидати не се баш независни, кои може да предизвикаат конфузија во изборниот процес.

„Гласачите си ги знаат изборните права, но кога се ставени во позиција да земат 500 денари со кои ќе купат леб, тогаш не вреди тоа дека тие си ги знаат правата, кога државата и системот не им овозможи подобар животен стандард“, рече Дерала.

Тој додаде дека треба постојано да се бара транспарентност од институциите. Треба да се направи дигитална и медиумска писменост на граѓаните. Донаторите треба да му помогнат на истражувачкото новинарство, не на рекетарското новинарство.

Б. Ј.

монтажа: Ариан Мехмети
камера: Атанас Петровски


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ