„Јавноста како македонската така и глобално ја изгуби битката со лажните вести и дезинформации и една од причините е затоа што во јавноста, академијата и медиумите постојано се избегнува соочување со фактот дека живееме во ера на пост вистината, односно политиката и центрите на моќта создаода и водат организиран систем на дезинформации за, политички и бизнис интереси“, изјави Џабир Дерала на панел дискусијата „Пандемија и инфодемија“.
„Хибридната војна знаеме на кои нивоа се одвива во овој мултиполарен свет и можеме само да очекуваме да биде полошо… Никој не е засегнат од вистината повеќе, од фактите. Никому не му е гајле дали постои вистина или не, сите удираат на емоциите на луѓето и се создаваат капацитети за правење огромни профити, политички, воени, бизнис и криминални…
Нема да дојдеме до вистинските одговори за тоа како да се справиме со ова, освен ако не ја прифатиме реалноста, според дефинициите за хибридната војна… Едноставно, лажните вести и дезинформации се користат за препарирање на света на граѓаните.
Парцијално занимавање со оваа тема нема да биде продуктивна, ниту ќе има ефект.
Луѓето тука едноставно не читаат, не следат, не анализираат… Што и да направиме, нема да успееме…“ – изјави, меѓу другото, Дерала.
А. П.