• Latest
Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

Деркоски: 30 милиони денари ќе чини гласањето на 1.782 лица од дијаспората!

April 11, 2019

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Деркоски: 30 милиони денари ќе чини гласањето на 1.782 лица од дијаспората!

April 11, 2019 15:40
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на конферецијата „Какви избори, таква иднина“, која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, зборуваше за Изборниот законик донесен во 2006 година, којшто досега доживеа дури 30 измени.

„Во нормалните, стандардни процедури, во законодавството се вели дека веднаш треба да се донесе нов Изборен законик. Овој постоечкиот, повеќе не е употреблив за работа!“, смета Дерковски.

Дерковски во својот говор ја потенцираше обврската на ДИК да се придржува до имплементацијата на законскиот текст, па затоа, во ДИК многу често се соочуваат со неможноста да имплементираат некоја одредба, што само го потврдува нивниот став дека итно се потребни промени, односно носење на нов Изборен законик.

„Флоскулата – коректни и чисти избори, коишто претставуваат услов за нашите евроинтеграции, ја слушаме секој ден. Меѓутоа, она што треба да го направиме како држава, за да добиеме чисти и коректни избори, е сите чинители коишто се вклучени во својот изборен процес, да си ја сфатат својата обврска, на правилен начин, се со цел, на крајот на денот, на 21 април и на 5 мај, да добиеме позитивна оценка“, смета Деркоски.

Според Државната изборна комисија, најголемата слабост на изборните процеси во земјата се избирачките одбори. Ставот на Комисијата е дека во иднина треба да се размислува за начинот на избор, но и за составот на избирачките одбори.

„За таа цел, ние подготвивме нова програма за обуки на избирачките одбори којашто, за разлика од минатите изборни процеси, не се одвива на два дена пред изборите, туку веќе со месеци континуирано се вршат обуки на претседателите, замениците-претседатели и членовите на избирачките одбори“, рече претседателот на ДИК.

Меѓу другото, Деркоски на конференцијата презентираше и дел од новините кои ги воведува ДИК, како обучувачите од здруженијата за лица со посебни потреби, за организирање на гласање во старски домови.

Како еден од најгорливите проблеми, Деркоски го посочи и проблемот со гласачите од дијаспората.

„За овие избори ќе се потрошат речиси 30 милиони денари за 1.782 лица, коишто се пријавиле да гласаат во дијаспората, а од искуство, веројатно нема да гласаат сите. Ова ќе биде најскапиот глас, од дијаспората. И ова наметнува една дилема којашто мора да ја разрешиме во идниот период. Јас не сум за тоа да им се одземе, еднаш веќе даденото право, на нашите граѓани. Но, постојат и други проблеми, како невозможноста да се лоцира бројката на граѓани во дијаспората, затоа што никој од нашите граѓани кога ја напушта државата, не го пријавува своето отсуство од државата повеќе од една година. Тоа е проблем, којшто дополнително го оптеретува системот и организацијата на изборите. Меѓутоа, постојат многу начини на коишто може да се промени модалитетот и начинот на гласање на тие луѓе, со цел да им овозможиме учество на тие граѓани во нашите политички процеси и да им овозможиме да гласаат“, рече Деркоски.

Маја Ивановска

Камера: Трпе Стојановски

Монтажа: Ариан Мехмети

Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ