Мировна акција – Прилеп и Тетово, го организира десеттиот по ред „Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир“, во периодот од 19 до 29 август 2018 година во Крушево.
„На тренингот нудиме простор за размена на различни погледи. Ги отвораме болните теми од минатото поврзани со историјата на конфликти со намера да ги направиме поподносливи за во иднина. Некои од темите што ги разработуваме се: насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, дискриминација, како и идентитет и национален идентитет“.
Тренингот е отворен за сите полнолетни граѓани и граѓанки на Република Македонија (нема горна старосна граница). Сите трошоци за учество на тренингот (патни трошоци, сместување и храна) ги покрива Мировна акција.
Граѓаните треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат најдоцна до 10.08.2018 на и-мејл адресата: [email protected].
На обуката ќе бидат одберани 20 учесници/чки, врз основа на содржината на пополнетата пријава.
Д.М.