ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата настани „Во фокусот“ кој овој пат ќе се изостри на дезинформациите и пропагандата. Онлајн панел дискусијата на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“ ќе се одржи во среда, 23 февруари, со почеток во 13:30 часот.
Зошто се креираат дезинформациите? Кој ги креира и како се дистрибуираат дезинформациите во јавниот простор? Кои се последиците? Кои се начините на справување со дезинформациите? Колку се успешни нашето општество и институциите во справувањето со дезинформациите?
Одговор на овие прашања ќе дадат претставнички и претставници од експертската заедница, граѓанското општество и институциите.
Настанот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.