• Latest

Џафери – Дир: Украина секогаш може да гледа во Северна Македонија пријател, партнер и поддржувач

February 21, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери – Дир: Украина секогаш може да гледа во Северна Македонија пријател, партнер и поддржувач

February 21, 2024 12:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Џафери на денешната средба со украинската амбасадорка во земјава Лариса Дир истакна дека Северна Македонија силно ја поддржува Украина, во услови на тешки моменти за украинскиот народ, кој веќе две години храбро се бори за својата слобода, известуваат од Владата.

Џафери нагласи дека, Република Северна Македонија и нејзините граѓани, стојат цврсто покрај Украина и ќе продолжат да го прават тоа сè додека е потребно, во нејзината борба за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Украина ја има поддршката и за интеграциските аспирации во демократските сојузи на држави, и во таа насока, Северна Македонија ја поздравува одлуката на Европскиот Совет да отвори пристапни преговори со неа, рече Џафери.

Тој посочи дека, освен формирањето на Советот НАТО-Украина, како членка сојузничка, Северна Македонија е дел од пакетот на проширена политичка и практична поддршка на Украина, продолжувајќи со поддршката на политиката на отворени врати на Алијансата.

Премиерот Џафери потврди дека Владата стои на располагање за споделување искуства во делот на понатамошната интеграција на Украина во меѓународните демократски сојузи.

Амбасадорката Дир му ја честиташе новата функција на Џафери и изрази надеж дека тој и натаму ќе манифестира силна поддршка кон Украина.

– Амбасадорката се заблагодари за сета досегашна помош дадена од Република Северна Македонија на Украина, како и на изнесената подготвеност за продолжување на истата, при што нагласи дека Украина тоа високо го цени и нема никогаш да го заборави. Дир ја поздрави подготвеноста на Северна Македонија за споделување искуства и знаења во евро-атлантските интеграциски процеси со Украина, соопштуваат од Владата.

Tags: ДирСеверна МакедонијаУкраинаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ