Моето искрено и најдлабоко сочувство до децата, родителите, жените и мажите кои ги изгубија најмилите. Денес сум Украинец, рече Престедателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери во неговото обраќање пред Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Како што информираат од прес службата на Собранието, Џафери на почетокот на своето обраќање, им се извини на претседателот Зеленски и почитуван колега Стефанчук, за, како што кажа, прекршувањето на протоколарната рамка, но, додаде дека е онемен и за она што сака да го каже, доволна му е една минута.
И покрај тоа што сум војник, и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот… Онемен и бесен. Бесен на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата. Растревожен сум од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само еден дел од нив во Буча и Ирипин. Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија, изјави Џафери.
Џафери истакна дека , во чест на загубените животи, се обврзаваме да помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното.
Лично ќе се заложам за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина. Фактот што сум во Украина, им дава уште поголема тежина на моите активности како претседател на законодавниот дом кој што е седиште на демократијата и институција во која се донесуваат клучни државни одлуки, потенцираше Џафери.
Џафери посочи дека усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ на 3 март во нашето Собрание; како и ко – спонзорирањето на резолуции и иницијативи кои бараат Русија веднаш да престане со употреба на сила во Украина и да ја повлече својата војска ја потврдуваат нашата цврста, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност со украинскиот народ. Република Северна Македонија ја поддржа и Одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа.
Предходно денеска, Престедателот на Собранието Џафери , на поканата од Претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, пристигна во посета на Украина,каде заедно со претседателите на парламентите на Романија и Швајцарија ги посетиле градот Ирипин и пистата на Гостомел кои се разурнати од воените дејствија.
М.Д.