• Latest
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Џафери: МВР треба да дава соодветни и точни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните

February 22, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: МВР треба да дава соодветни и точни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните

February 22, 2024 13:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи треба да дава соодветни и точни информации до граѓаните, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните. Ова денеска го изјави претседателот на техничката влада Талат Џафери, откако деновиве министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со проблемот за издавањето на пасоши обвини за „саботажа“ во МВР, додека пак, неговиот заменик Митко Бојмацалиев излезе со демант.

Џафери рече дека како поднебје сме подложни секогаш кога има проблеми да се зборува за пречките, а не за решението, и затоа на последната седница на Влада издал задача на Министерството за внатрешни работи на дневна основа да доставуваат информации за примени барања за издавање на документи, како и за издадени документи.

Посочи дека Министерството е надлежно како институција, без оглед дали го раководи лице од опозицијата или мнозинството, да дава точни и соодветни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните.

– Тие на дневна основа треба да ја информираат јавноста колку обрасци примиле, колку издаваат. Не би било соодветно ја да давам информации по тоа прашање. Мојот апел е да не се служат со неточни информации, најмногу штета им прави на тие што се служат со неточни информации. Ако идејата за дневна политика е кој колку поени ќе добие, а кој колку ќе изгуби, погрешен им е пристапот, оти надлежност е нивна и обврска да обезбедат услуга за граѓанинот, а не да се караат меѓу себе кој каков податок ќе дава. Така да, во тој контекст апелот е да се даваат точни информации и од таа причина официјално барав на дневна основа да се има извештај по однос на состојбите, рече Џафери.

Додаде дека во текот на денот очекува да го добие првиот извештај, со оглед на тоа дека пред два дена побарал од МВР да доставува информации на дневна основа.

Џафери денеска беше во посета и надгледување на изградбата на градинката „Фидани 3“ во Општина Чаир, која рече до крајот на април треба да се стави во функција и да вдоми повеќе од 300 деца.

– Објектот е современ, меѓу најголемите во квадратура која што се предвидува преку 300 деца ќе имаат можност да се сместат и тоа е она што треба да го направиме и го правиме во континуитет по однос на потребите и во Општина Чаир и пошироко од општината, за да можат да ги задоволат потребите и родителите и децата и персоналот којшто ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект, рече Џафери.

Tags: МВРЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ