• Latest

Џафери за „Дојче Веле“: Владата е на граѓаните и на државата, изборот на премиер Албанец значи зацврстување на европските вредности

February 9, 2024

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери за „Дојче Веле“: Владата е на граѓаните и на државата, изборот на премиер Албанец значи зацврстување на европските вредности

February 9, 2024 14:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за „Дојче Веле“ посочил дека со оглед на неговото долгогодишно политичко и институционално искуство се чувствува комотно во извршувањето на новата функција премиер. Тој посочил дека она што е важно и приоритет по неговото доаѓање на функцијата е институцијата што ја предводи да продолжи да биде функционална и да продолжи да носи одлуки во интерес на потребите на граѓаните.

Како што соопштија од владината прес-служба, тој се осврнал на фактот дека Владите им припаѓаат на граѓаните и на државата, а не на партиите и дека институциите не може да се третираат како нечија лична сопственост.

– Владата е на граѓаните и на државата, така да, како институција не може да се третира како моја, ваша, твоја Влада. Владата си е на државата, а учесници во таа Влада се различни субјекти според нашите актуелни состојби, во смисла на шареноликоста на политичките субјекти кои што учествуваат,  потенцирал Џафери.

Во однос на изборот на Албанец за премиер, Џафери посочил дека тоа е пред сѐ додадена вредност на реформите што се случуваат во земјава со оглед на фактот дека овој избор на подолг рок ќе значи промена во перцепциите како во однос на правото и можноста сите граѓани да управуваат со земјата, но и во однос на одговорноста која ја носи тоа управување.

Во таа насока, се посочува во соопштението, тој истакнал дека е многу важно, сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да имаат удел и директно учество во управувањето и функционирањето на државата, затоа што тој пристап значи и зајакнување на чувството на припадност на сите граѓани, но значи и зацврстување на европските вредности.

– Сите ние имаме исти обврски кон државата. Сите ние придонесуваме за државата и нормално е да треба да имаме сите право да управуваме и со институциите, истакнал премиерот Џафери во интервјуто за „Дојче Веле“, се додава во соопштението од владината прес-служба.

Tags: владаизбориЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ