Обединета македонска дијаспора, неуморно инсиститра државниот врв во Македонија итно да ги прекине разговорите што се водат за името под покровителство на Обединетите Нации и да бара од Генералното собрание со резолуција Македонија да го користи уставното име во сите меѓународни односи и односите со ОН.
ОМД се спремни преку својата мрежа низ светот да да и помогнат на Македонија, како што велат, за започнување и продлабочување на релации со политичките претставници во САД и ОН, како и да придонесе во економскиот развој на државата.
ОМД, потсетуваат дека дијаспората е најголемиот инвеститор во Македонија, и нема да се откажат цврсто стои во одбрана на името, идентитетот, јазикот, и нацијата, и нема да дозволи матична Македонија да навлезе во безбедносна, политичка и економска нестабилност.
Ваквиот став на ОМД, го поткрепуваат со донациите на Нимиц од 25.000 долари за кампањата на Конгресменката Каролин Малони, која е основач, воедно и ко-претседавач на Конгресната Група за пријателство со Грција и за кампањата на поранешниот Сенатор Сарбејнз кој е со Грчко потекло.
Конгресменката Малони како претставник на една од најголемите Грчки заедници надвор од Грција и Кипар и како што соопштува ОМД, таа редовно поднесува анти-Македонски резолуции во Конгресот на САД против Македонија и декларативно е против членството на Македонија под уставното име во НАТО.
Б.Ј.