• Latest

ДИК не им одговори на револтираните граѓани!

December 7, 2017

Тирана под притисок на протестите: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК не им одговори на револтираните граѓани!

December 7, 2017 09:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се потсетиме на „работата“ на Државната изборна комисија пред една година. Текст од архивата на ЦИВИЛ објавен на 6 декември 2016 година.

И по стотиците пријави од граѓани кои пристигнаа во последните 24 часа во ЦИВИЛ – Центар за слобода, Државната изборна комисија сé уште e без одговори. Освен официјалното соопштение дека се работи за технички проблем и дека истиот нема да влијае врз Избирачкиот список,  ДИК нема конкретни одговори за пријавите на граѓаните кои во последните два дена се избришани од списокот! ЦИВИЛ и понатаму инсистира на адекватна реакција на ДИК, пред сé, поради граѓан(к)ите на Македонија кои заслужуваат прецизни информации и овозможување на нивното, уставно загарантирано право!

Граѓанка која побара да остане анонимна, видно вознемирена, ја раскажа за ЦИВИЛ Медиа, телефонската голгота која ја доживеала денес, во контакт со ДИК.

Нејзината приказна го илустрира хаосот кој владее во ДИК, на само неколку денови пред изборите. Откако не се нашла на Избирачкиот список, граѓанката Ј. Д. побарала објаснување од ДИК. Во текот на само еден телефонски разговор со Одделението за избирачки листи во ДИК, добила најмалку пет различни одговори! Најпрво,  ѝ било кажано дека можеби сега ја нема, бидејќи имаат технички проблем, но „во недела сигурно ќе ја има на список“. Кога инсистирала да го види своето име на списокот пред денот на изборите,  ѝ одговориле дека тоа не е возможно, бидејќи според нивните податоци, нејзината лична карта е со изминат рок. Граѓанката тврди дека нејзината лична карта има рок на важност до 2020 година! Потоа,  ѝ било кажано дека била на таканаречениот список на спорни и дека требало да се пријави во законскиот рок предвиден за пријавување на лица кои фигурираат како фантомски гласачи. Кога објаснила дека на нејзината адреса нема фантомски гласачи, добила одговор да се обрати во МВР и да ги пријави останатите жители, бидејќи на адресата биле многу станари на број?! Со други зборови, да го пријави сопственото семејство како фантомско!

На крајот, заклучокот што го донел ДИК е – дека Избирачкиот список е затворен и дека во нејзиното име сигурно нема да се најде на истиот, односно, дека на изборите на 11-ти декември таа нема да го оствари нејзиното уставно загарантирано право на глас, иако досега, 20 години гласала на истата адреса без проблем! Кога прашала дали доколку поднесе претставка до ДИК, ќе успее да направи нешто,  ѝ одговориле дека тоа е нејзино граѓанско право, но дека ваквата претставка нема да влијае врз нивната одлука – да биде избришана од Избирачкиот список.

Со горчина во гласот, граѓанката нѝ заблагодари што сме ја ислушале и ни посака: „Со среќа на изборите, пријатно гласање, бидејќи очигледно, јас нема да гласам!“

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од Државната изборна комисија да излезе со јасен и недвосмислен став пред јавноста. Оваа институција која располага со милионски буџет, имастотици вработени и има помош од странство, не смее да си дозволи никаков технички проблем на само една недела пред избори! Доколку навистина ДИК се соочува со ваков проблем, нејзините претставници мора на прес-конференција да  ѝ објаснат на јавноста што се случува. ДИК мора да ги смири граѓан(к)ите и да го реши проблемот. Едноставно, да им потенцира дека не треба да се откажат од своето право на глас!

ДИК мора да биде свесна дека и покрај огромната медиумска кампања, граѓаните се неинформирани за состојбите со Избирачкиот список, како и за постапките кои треба да ги преземат за да се најдат на истиот. ДИК не само што недоволно ја информираше јавноста, туку ги менуваше постапките додека траеше рокот за поднесување на пријави, па граѓаните беа втурнати во бирократски лавиринт.

ЦИВИЛ ги охрабрува граѓанките и граѓаните да не се откажуваат и да поднесуваат писмени барања до Државната изборна комисија.

Tags: граѓаниДИКизбирачки списокизборифантоми
Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ