Ако се погледне само денешната агенда на ДИК, може да се заклучи дека пред оваа институција се наоѓа долга листа прашања, теми и предизвици. А роковите се кратки…
ЦИВИЛ – Центар за слобода поднесе барање за добивање овластување за набљудување на локалните избори, кои се закажани за 15 октомври 2017, што е вообичаена пракса во пресрет на изборните процеси кои ги набљудува организацијата. На денешната седница на Државната изборна комисија на дневен ред е, меѓу другото, разгледување и на ова барање.
Усвојувањето на Извештајот за јавен увид во Избирачкиот список до 28 август и предизборниот финансиски извештај од Министерството за финансии се, исто така, на дневниот ред на седницата на ДИК.
Според соопштението на ДИК, се одлучува и за треба да донесе одлука и за изготвување нов печат на Изборната комисија на Град Скопје, како и предлог Џебен водич за избори, а ќе ги разгледува и барањата за неприфаќање извршување на должност претседател и заменик-член на ОИК, по што треба да биде извршен случаен избор на членови на општинските изборни комисии, чии барања за изземање биле прифатени од Комисијата.
Б.Ј.