• Latest

Дилема на противниците на розовите очила: Новинар или шверцер?

March 11, 2016

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дилема на противниците на розовите очила: Новинар или шверцер?

March 11, 2016 11:55
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Да останам новинар или да си станам трговец или шверцер на облека и на цигари… Па, секоја недела, како и илјадници дуќанџии, да си одам до Турција, Бугарија или Грција, ем ќе сменам клима, ем помирен живот, ем многу поголема заработувачка… Згора, ќе си бидам пријател, а и ќе ќарам од оваа власт…

Пишува: Моника Талеска
Пишува: Моника Талеска

Се исправив пред оваа дилема и овој петти пат, откако во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ на македонската политичка сцена, добивам отказ и прекин на договорите за работа. И повторно, и повторно се прашувам: зошто постои Факултет за новинарство во оваа тажна Македонија? Зошто се даваат дури и смешни дипломи со коишто се декларираме како новинари?!

Прво, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, новинарство никогаш и немало (освен во мал дел медиуми кои жестоко се борат да ја донесат вистината на виделина).

Второ, наместо дипломи, се бараат партиски книшки или во најмала рака, текстопишувачите треба да имаат задолжителни розови очила при описот на катастрофалната реалност.

Трето, хонорарите што ги исплаќаат медиумските газди се на ниво на месечна социјална помош за четиричлено семејство,

Четврто, фелата сé уште нема доволно свесност за себе, ниту визија, ниту стремеж за враќање на вредностите,

Пето, ја гледам дипломата и се срамам – дипломиран новинар?! Посрамна професија има ли во оваа државичка? Одиш на настан, поставуваш прашања меѓу претходно договорените, режимските, а не-новинарите со розови очила ти коментираат: „За вакви прашања, посебно да си закажете!“ Или, ја менуваат темата. Овие не-новинари, во голема мера и без какви било дипломи, ја бојат сликата за реалноста, одат по коктели, добиваат симболични бенефиции… Но, газат и по честа и достоинството на малубројните, кои стојат на браникот на новинарството!

Гледам напати, и не ми се верува, дел од нив се истите кои пред тоа седеа во истите канцеларии со некои други претходници и боеја една друга слика за реалноста! И кога резигнацијата достигнува кулминација, повторно се соземам, болката ја потискам. Оти, не е првпат, не ќе е ни последен, сé додека ВМРО ДПМНЕ или која и да е следна влада, наместо професионалци – поставува партиски кадри, со членски книшки, подлизурковци и ништожници, неписмени и полтрони, не-новинари за да ја кројат вистината и да ја зашеќерат извитоперената македонска реалност.

И ете, повторно ми се враќа силата. Зашто, знам како е да се бориш со животот, да одиш наспроти ветерот и искри да ти излегуваат од очите, од студот околу срцето, од гнев, поради неправдите, ама нема да дозволам, нема ни овој пат, зашто правдата е танка, ама не се кине!

И верувам дека ќе дојде ден и новинарството ќе си го земе жезолот во своите раце. Правдата и вистината како бетонски столбови ќе се издигнат, а врз нив, на престол ќе седне новинарството, од лево објективноста, од десно професионалноста – ќе му бидат логистика. А, не-новинарите или ќе ги симнат за навек диоптриите, ама пред тоа и ќе плукнат, гледајќи се во огледалото, или ќе треба да се вратат таму од каде што дошле.

Овие редови не се тажаленка за мене, ни злорадост за некоја блиска иднина, туку исконска желба да се вратат вредностите во професијата и во земјата, која ја сметам за своја татковина. И затоа што, тоа е нашиот новинарски завет и долг, должност кон својот народ, да го дадеме вистинското име на реалноста, да ја изговориме и најцрната вистина, да ги отвораме процесите, да покажеме како не треба, за да се исчисти тиранијата, злото, корупцијата, криминалот, за навек – овде во оваа, наша Македонија! Правдата, храброста, вистината и објективноста им се ветер во грбот на новинарите во ова црно невреме!

Затоа, ќе останам новинар!

Tags: ВМРО - ДПМНЕМакедонијаМоника ТалескановинарЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ