• Latest

Димитров: Главната разлика во преговорите – опфатот на употреба

April 14, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Главната разлика во преговорите – опфатот на употреба

April 14, 2018 11:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата „360 Степени“ во врска со тековните преговори за името рече дека во Виена бил постигнат значителен условен напредок, но се уште остануваат отворени и без решение најтешките теми, како што се грчкото барање за промена на Уставот на Република Македонија и опфатот на употреба на новото решение.

Тој потврди дека од четирите клучни елементи во преговорите (новото сложено име, опфатот, именувањето на јазикот и на државјанство), се уште еден стои како разлика, што влијае и на другите.

– Во нашата цел да се постигне поголема дистинкција бидејќи тоа го бара Грција, во интерес на нашата иднина, отворање на вратите, инвестирање во ова пријателство со соседот, нас ни е важно да не го чепнеме идентитетот, бидејќи тоа не можеме да го менуваме со договор, ниту било која било политика сегашна, идна, мината, може тоа да го направи, и тука имаме сигнали од Виена, после тоа, сега, коишто одат во добар правец. Меѓутоа многу е важно ова решение да биде одржливо, а за да биде одржливо тоа мора да биде достоинствено и се уште имаме разлика во елементот на опфатот. Мислам дека е важно кога се мерат чекорите и идниот договор, да се води сметка за сегашниот правен режим и договорот да се мери според реалноста, каква е сега, а не во однос на почетните преговарачки позиции, бидејќи почетните преговарачки позиции можат да бидат и многу далеку од реалноста. рече Димитров.

Затоа, посочи, е многу важно да знаеме каква е ситуацијата сега, а сега ситуацијата со опфатот е многу јасна, ние меѓународно имаме на некој начин двојна формула. – Референцата ПЈРМ ја употребуваат една третина од земјите членки, во сите релевантни меѓународни организации сме главно со таа референца… и ова е точка од која треба да се мери финалниот резултат и суштината на договорот. Мислам дека во проекциите на тоа што сега се разговара, ако има политичка волја, може да се најде, можеби со степен на креативност, начин како да се допрат и нивните главни интереси, а да си ги зачуваме и нашите главни интереси. Тука е главниот предизвик, како тоа да се направи, истакна Димитров.

Во однос на барањето за ерга омнес, министерот рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.

– Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три држави, додаде министерот Димитров.

Извор: МИА

Tags: ДимитровДржавјанствоименувањејазикопфатПреговори
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ