• Latest

Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ во јуни

February 16, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ во јуни

February 16, 2018 13:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија очекува до крајот на бугарското претседателство со Европската унија да добие датум за почеток на преговорите за членство, изјави шефот на макдонската дипломатија Никола Димитров, пред почетокот на денешната сесија на вториот дел од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних, што се одржува во Софија. 

– Правиме се што можеме во јуни да има политичка одлука и правиме се што можеме да ја убедиме Грција да биде дел од тој консензус за Македонија. Тоа ќе биде добра работа за Македонија, за Бугарија, за сите наши соседи, за Балканот, но и за Европа, рече Димитров во изјавата за новинарите пред денешната сесија на која учествуваа министрите за надворешни работи од ЕУ и на петте земји кандидатки од Западен Балкан.

Во врска со изјавата на македонмскиот премиер Зоран Заев дека се решени три од седумте спорни прашања во преговорите со Грција, Димитров не прецизираше за што станува збор,  но наведе дека задачата на премиерите е да го водат процесот, а на министрите за надворешни да го сработат тоа.

– Сепак пораката е дека процесот оди напред, додаде Димитров.

За денеска најавува повеќе билатерални средби, но не и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, со кој вчера имал куса средба на работната вечера во рамки на Гимних.

Димитров изјави дека следните денови очекува продолжување на преговарачкиот процес.

МНР, пак, соопшти дека на сребата во Софија министрите за надворешни работи од ЕУ и од земјите-кандидатки од Западен Балкан, Димитров истакнал дека интеграцијата на Македонија и останатите земји од регионот на Западен Балкан во ЕУ, дополнително ќе ги зајакне напорите за адресирање на безбедносните прашања на поефективен и покоординиран начин.

Тој на Гимних учествуваше на покана високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната.

Димитров ја истакнал потребата за сеопфатен пристап и глобална посветеност во справувањето со безбедносните предизвици и побара вклучување на земјите од регионот во заложбите за развој на безбедносните и одбранбени политики, бидејќи, како што изнесе, иако земјите на Западен Балкан не се членки на ЕУ, тие и припаѓаат на истата Европска безбедносна заедница.

Тој ја поздравил амбицијата на бугарското претседателство да прерасне во „Балканско претседателство“ со посебен фокус врз политиката на ЕУ за проширувањето, која продолжува да биде најефективен инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

Ја поздрави и Стратегијата на ЕК за перспективите на проширувањето со земјите од Западен Балкан, со која се потврдува иднината на  регионот, како геостратешка инвестиција во стабилна, цврста и обединета Европа, заснована на заеднички вредности.

Димитров ги информираше присутните и за соработката на Република Македонија во областа на безбедноста и одбраната, ставајќи акцент на учеството на земјата во мисиите/операциите предводени од ЕУ, НАТО и ОН, учеството во глобалната коалиција за борба против тероризмот, како и споделувањето на ставовите со ЕУ во рамките на нејзината надворешна и безбедносна политика.

На маргините на состанокот, Димитров оствари повеќе средби со своите европски колеги со кои разговараше за неодамна усвоената Стратегија и за нашите европски перспективи.

На средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, меѓу другото се разговараше за политичките динамики во регион, како и за ангажманот на Македонија во функција на реализација на стратешките определби.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: датумДимитровЕКЕУМаргот Валстромстратегијачленство
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ