Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово, поттикната од говорите на претставниците на Владата и локалната власт, како говорници на конференцијата на ЦИВИЛ „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, изјави дека лицата со попреченост живеат мизерен живот во Република Македонија, бидејќи е граѓанка од оние што се окарактеризирани како маргинализирана група, односно дека таа е родител на лице со попреченост.
„Прашањето на лицата со попреченост треба итно да се реши. Нивните родители 24 часа се грижат за нив, и немаат никаква законска поддршка… Законите не тераат да ги сместуваме во институции, а процесот на деинституционализација се спроведува од 2000 година. Бараме консултации со граѓански организации кои работа на оваа поле, а не со организации што постојат долго време и се претставуваат како инвалидски организации. Тие земаат од буџетот на државата, а ништо не работат на локално ниво“, истакна Димитровска.
„ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ продолжува да ја промовира Граѓанската повелба на еден иновативен начин. Ова вклучува истражување на можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.
Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента