• Latest

Димитровска: ОИК не беа обучени за комуникација со лицата со попреченост

February 25, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитровска: ОИК не беа обучени за комуникација со лицата со попреченост

February 25, 2018 13:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Благица Димитровска, од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово, ЦИВИЛ Медиа разговараше за нивните активности за време на локалните избори во 2017 година.

Димитровска зборуваше и за соработката и резултатите од истата со Државната изборна комисија, како и за следните чекори на организацијата за подобрување на уловите и статусот во општеството на лицата со попреченост.

Она на што организацијата посвети внимание беше остварување на гласачкото право на лицата со попреченост.

„Работевме со институциите, но и истражувавме на терен. Имавме свои набљудувачи во ЦИВИЛ. За првпат нашата организација имаше директни информации  на денот гласање. Добивавме веродостојни податоци од набљудувачи кои беа родители на лица со попреченост или пак, самите беа лица со попреченост. Тие можеа да проценат дали новините што се воведоа на денот на гласање на локалните избори се во ред или треба уште да се работи. Една од забелешки беше дека Општиниските изборни комисии и Избирачките одбори не се обучени за начинот на комуникација со оваа категорија на граѓани и затоа лицата со попреченост многу малку го остваруваа своето право“, изјави Димитровска, која истакна дека подготвуваат прирачник за комуникација со лица со попреченост наменет за ОИК и ДИК.

Следните чекори на „Инклузива“ се во насока на обучување на ОИК и ДИК, кои на следните избори ќе можат да им помогнат на оваа категорија на граѓани во остварување на нивното гласачко право, но и лицата со попреченост да го зголемат своето учество во политичките и изборните процеси.

„Сакаме да одржиме обуки на ОИК низ цела Македонија. Во моментот сме спречени поради турбуленциите во ДИК. Но, се обидуваме да најдеме начин со кого да комуницираме за да можеме непречено да ги одржиме обуките“, рече Димитровска.

„Инклузива“ во моментот е активна во Североисточниот регион и работат на пристапот до јавни информации на лицата со попречеост.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Благица ДимитровскаизбориИнклузивалица со попреченостОИКЦивил
Share67TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ