Милош Димитровски од Извор – Кратово, на конференција „Зелено општество за сите“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, истакна дека работат на програма заштита и унапредување на животната средина, и дека во моментов се ангажирани во заштита на локалитетот „Камени кукли“.
„За жал, имаме ситуација последниве години, имаме големо недоразбирање помеѓу локална самоуправа и здружението, имавме и опструкција од градоначалникот.
Зошто локалната власт и повисоките органи не го слушаат гласот на граѓанскиот сектор, невладините организации се бесплатен сервис на локалните и повисоките органи.
Зошто проектите, препознаени од меѓународниот фактор, не се поддржани од домашниот фактор. Немаме одговор на сите предлози и претставки кои сме ги предложиле.
Нека размисли локалната власт дали да ја прифати подадената рака од граѓанскиот сектор, или и понатаму ќе става сопки“, истакна Димитровски.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети