• Latest
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Дипломатската офанзива на Груевски и соработниците

October 5, 2017
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дипломатската офанзива на Груевски и соработниците

October 5, 2017 10:45
in ПОЛИТИКА
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски и неговите најблиски соработници деновиве се во засилена дипломатска кампања. Се разбира, ова не значи дека Груевски и соработниците ги добиле пасошите назад, туку нивната дипломатска офанзива се спроведува во Скопје! Тие со себе носат документ на четири страници во кој обвинуваат за поткуп на гласачи. Самиот документ е неконзистентен и често користи идно време. Како и да е, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе испрати инструкции до сите набљудувачи на теренот да го истражат одделно, секој од наводите во овој документ што го пренесуваме во целост и се оградуваме од политичката некоректност и бројните правописни грешки во него.

Еве што им пишуваат Никола Груевски и соработниците на странските амбасадори:

1. Штип

Романо Демиров викан Боксер. Тој е највлијателен меѓу ромите во циганско маало кај Црквата, каде се и најбројни како население во оваа Општина. Неколку пати е приведуван, но во минатото е штитен од страна на ДУИ. Овојпат сигурно ке дели средства за гласање на СДС.

Во Штип одговорна за делење на парични средства за поткуп на ромите е Сузана Цветкова Директорот на центарот за социјална работа во Штип а за тие потреби се користи и нејзиниот дом. Логистичката поддршка на Сузана ја извршува Здравко Коцев вработен во 6та Управа на МВР на Р.М. во Скопје а зад кој е формиран тим за делење на пакети со намирници како дополна на поткупот со парични средства.

2. Кочани

Пеце Георгиев, вработен во МВР, Главен инспектор во ПС Кочани. Долго време работи со Ромите во Кочани и таму е најкритична состојбата, има добро разработени шеми кои е течко да се пробијат. Има голема лична блискост со Лазо Велковски, директор на БЈБ МВР. Негови адути преку кој се спушта работата се Насер Адиловски и Аки Акиев, кој во претходниот состав на Советот бил советник од страна на СДС.

Главната активност се очекува да ја носи Ане Ефтимов – Дани во сопственик на фабриката за откуп и преработка на ориз „Даниво“ од с. Горни Подлог. Помошник на Ане Ефтимов во поткупот ќе му биде Петре Ѓорѓиев-Пецо полициски службеник кој дури се заканувал на ромите а ќе ги штити нивните НВОа поврзани со СОРОС.

3. Куманово

Ромското население во Куманово пред се е сконцентрирано на две места во градот. Едното е населеното место Средорек, а другото е место викано Банево Трло. Во месноста Средорек лица преку кој ќе се изведува операцијата на СДС се Самет Салевски, Менсур Менџан и Асмет Балавур. Во останатиот дел во Куманово каде има ромско население но во помал број ке биде одговорен професорот Севчан, кој досега беше претѕедател на огранокот на Шабан Салиу, но сега предизборно премина кај Санка Ибраимовски. Зад сите акции тука ке имаат директно подршка од нацалникот на СВР Куманово, Стојанче Величковски, кој уште пред некој ден упатил и закани према ромите за кои знае дека се наши подржувачи со зборовите ќе бидете апсени како кучиња.

Во Куманово главната активност се одвива преку Арсовска Алесандра Директорот на центарот за социјална работа а на терен работите ги извршува Алиовски (Боксерот) од Средорек кој е на листа за советници од СДС.

4. Крива Паланка

Целата мрежа е преку верската исламска куќа, каде вршат верски обреди, која не под ИВЗ.

5. Охрид

Арменд Демиров викан Демо, живее во населено место Далјан каде е најсконцентрирано ромското население во овој град. Исто така Арбен Демировски имаше своја советничка листа кој под притисок од СДС е повлечена

Нефи Усеин под притисок на оружје со закани и поткуп уценувал Египќани и Албанци да гласаат за СДСМ

6. Тетово

Идриз Красничи во центарот во близина на АМД Тетово и кај православните гробишта Сенат Халили

7. Гостивар

Кашмир Салиу

Во Гостивар Директорот на центарот за социјална работа Нада Величковска во соработка со Башким, шеф на ОИШ на ДУИ во Гостивар кој е задолжен за поткупот, се обидува да изврши поткуп и кај турците и кај ромите.

8. Прилеп

Лицето Несиме од НВО Рома СОС преку кое ќе оди поткупот за ромите во Тризла во соработка со Самка Ибраимовски и поддржана од оперативците на СДС на терен, односно лицето Лефтер Андонов викан Леси од Струмица вработен како советник на Заев во Владата кој воедно е одговорен за спроведување на поткупот во цела ИЕ4.

9. Кавадарци

Лицето Лазар Тулиманџов викан Галис задолжен преку центарот за социјална работа во Кавадарци чиј директор е Весна Дамјановска (дополнително работи и преку туѓа нега за социјални случаеви) и во соработка со Директорот на Македонски Шуми Зоран Георгиев за поткуп кај ромското население и лицето Ибраим Ибо од ромската заедница се лицата кои ќе вршат поткуп кај ромското население.

10. Битола

Самка Ибраимовски преку Директорот на центарот за социјална работа Тони Деспотоски и лицето Тефик Мусоски од Битола.

11. Берово

Активност на терен покажува здружението „Кхам“ поддржано од СОРОС и кое активно учетсвува во вршењето на поткуп кај гласачите од турската и ромската популација. Истото здружение има свој огранок во Македонска Каменица но таму е насочено кон граѓаните кои се на привремена работа во Италија.

12. Ново Село и Струмица

Покрај активностите кои ќе ги спроведува Лефтер Андонов задолжен за ИЕ4 се очекува и поддршка од шверцерски структури на албанци од Гостивар односно извесен Фатон Асани кој треба да обезбеди финансии особено за Ново Село а дополнително за Струмица очекуваат прилив на пари од албанци од Швајцарија. Во Струмица притисок за поткуп врз ромите оди и преку комуналното претпријатие кое отворило наводен наплатен пункт во ромското маало како покритие за пункт преку кој ќе се врши поткуп. Како дополнителна поддршка се вклчува и постојаното присуство на полицијата во околината на пунктот и во ромското маало.

13. Богданци, Гевгелија и Валандово

Забележано е интензивно присуство на Миле Зечевич на терен во Богданци, Гевгелија и Валандово се очекува интензивно да се вклучи во поткупот со оглед на контактите со лица од турска националност на терен.

14. Босилово

да се обрне внимание на НВО „Здрава Котлина“ која може да влијае врз посиромашните граѓани преку поткуп.

15. Радовиш

Се очекува поткупот на ромите и турците да го извршат НВО Иднина – развој на Столе Горгиев и Тика која е задолжена за работа со турците од Бучим и Тополница. Во оваа насока може да им помага зам. Командирот на полициската станица во Радовиш кој е турчин.

16. Пробиштип

ОК Пробиштип: На минатите избори имаше доста поткуп особено кај ромското население и социјално загрозените но сега за сега немаме информација за вакви активност сметам дека е сеуште рано.

17. Неготино

Има особено по селата. Криволак и Пепелиште има ромско население кое е подводливо и поткупливо. Имаат луѓе од ромите кои се со нив и ги поткупуваат. Во с. Дисан голем дел од населението работи и соработува со фирмата Венец која е под СДСМ. С. Црвени Брегови е со ромско население исто така подложно на поткуп. Во глобала, раководството на СДСМ во Неготино е финансиски силно и тоа многу. Имаат приватни фирми кои се успешни (успехот го постинаа за време на владеењето на ВМРО) и не штедат сретства. Го частат локалното население по кафани и кафичи, продавници и слично, вработуваат по приватни фирми, ветуваат. Конкретно имиња немам ама целото раководство е видно со многу финансии и буквално се рафрлаат по Неготно.

18. Новаци

Имаме информации дека СДСМ заедно со независниот кандидат работат во насока на поткуп, во текот на наредната недела ќе имаме поконкретни информации.

19. Кривогаштани

Досега немаме сигурни информации за поткуп, иако се коментира меѓу нашето членство дека СДСМ, конкретно нивниот кандидат за градоначалник, кој е богат човек, имаат 50000 евра спремни да се трошат за кампањата, меѓу другото и за поткуп на сиромашни гласачи. За конкретен настан на поткуп немаме се уште информација.

20. Центар

Населено место Кале каде претежно живее ромско население и од СДС како поткупувач се јавува Елвис Касиман, кој не е во работен однос.

21. Ѓорче Петров

Селјатин Раиф викан Сали, со место на живеење во населено место Даме Груев, викано ГеГе. Вработен во УЈП Скопје како инспектор. Во секој изборен циклус е главниот адут на СДС и има развиено добра мрежа. Негов близок, односно помошник му е Мусо Асани.

22. Шуто Оризари

Курто Дудуш викан Куцо. Моментално кандидат за градоначалник. Сопственик на менувачка во Шутка.

Генерална забелешка: Според информациите кои ги добиваме, планот за вршење на поткуп особено за населението од ромска националност веројатно е усогласен за целата територија на Р. Македонија, политички искорординиран помеѓу ДУИ и СДС преку повеќепартиски и полициски структури но воглавно во соработка со центрите за социјална работа и НВОа“.

наместо потпис: Никола Груевски и неговите соработници

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕизборинаводинерегуларностипоткуппритисоци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ