• Latest
Добро утро со Орданоски

Дискретниот шарм на политичкиот банкрот

November 6, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дискретниот шарм на политичкиот банкрот

November 6, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]И[/dropcap]ма извесна иронија во целата ситуација со оваа наша мачна евро-атлантска интеграција. Иронијата се состои во тоа што најголемите противници – иако има и други, помали – на потребата од промените на Уставот, се закоравените македонски националисти, со црвени комитски обравчиња, оние радикални Големо-Македонци кои се сликаат со „д-р Еткер“ (Македонија-да-е-цела) поздравот со споен палец и показалец и три раздвоени, исправени прсти… А кога само малку би го намалиле звукот на српскиот турбо-фолк во позадината, би можеле и самите да дојдат до еден најздраворазумски заклучок: токму интегрирана во Европската Унија, Македонија станува обединета, буквално Голема, без прикочување ни за печат во пасошите на своите, формални, источни и јужни граници. Со признаен национален идентитет, со јазик, со Македонија во името и со сите други неопходни културно-политички тракатанци, како заштитени кодови, трговски марки, домени… Да не зборувам за пазари, безбедност, странски инвестиции…

Зошто толку очигледни работи толку тешко се гледаат, како да се пати од кокошкино слепило? Зошто нешто мора да се освои (на сила?… НИЕ?!) за да биде „твое“, а кога ти го даваат на тавта (послужавник), како да е тацна со грчко слатко од три убави, зеленки, релативно компактни, смокви-шербетлии, тогаш на тоа се гледа како на резултат на нечие „предавство“? Зошто тој, во својата суштина, „најголемо-македонски“ проект да се блокира со стотици амандмани, со тропања по маси, со пеење химни и со други купи-ден-помини досетки што им стојат на демократско располагање на сите собраниски опозиции во светот?

Тука работата, веројатно, станува лична. Затоа што ним не им текнало порано; што и ако им текнало, немале храброст да го предложат; а ако и имале доволно кураж да помислат го стават на маса, не биле способни да го испреговараат.

Македонија граби кон своето балканско обединување, а националистите од спротивниот тротоар со ужас и неверување гледаат како тој процес, пред нос, ќе им го спроведат социјалдемократите!?!?… Нема правда, нели?

Добро, таа човечка димензија на фрустрација, на чувство на пониженост може да се разбере. Но, доволно време помина за „масажа“ на чии било суети и супер-ега, не е ли сега моментот за политичко визионерство, макар за прагматичност или барем за мала практичност? Кога веќе некој друг ти ја завршил работата, качи се на возот, патувај кон подобра иднина, живеј…

Проблемот е, сепак, подлабок. Ја допира суштината на македонскиот националистички бизнис-модел, се доведува во прашање смислата за митот за обединување, во ситуација кога обединувањето, практично, ќе биде спроведено. Плус исчезнува потребата за страв од соседите, во ситуација кога соседите ќе бидат дел од системот што ти ја гарантира безбедноста.

Тоа ви е како фирма за производство на свеќи да треба да поддржи туѓа инвестиција за производство на сијалици?! Ќе треба да се затвори дуќанот, да се прогласи банкрот, да се стави клуч на врата, ќе нема веќе муштерии за националистичкиот производ што со децении наназад успешно се нудел. Восокот одамна не се користи за ништо друго, освен за парастоси и погреби.

Ова се дилемите во кои се препелка опозицијата, растргната помеѓу пустата желба да биде модерна, демократска, конзервативна, демохристијанска партија; и стварноста на национализмот и политичката ретроградност во кои е заглавена, изолирана, поапсена, поделена, раскарана. Банкротирана.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share388TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ