• Latest

“Диво Насеље”: Обвинетите тврдат дека се жртви на политичка игра

February 11, 2016

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Диво Насеље”: Обвинетите тврдат дека се жртви на политичка игра

February 11, 2016 22:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот процес против 29-темина обвинети за инцидентот во кумановската населба „Диво Насеље“ продолжи денеска. Нив Обвинителството ги товари за тероризам и за учество во судирите со полицијата во Куманово, при што загинаа 8, а беа ранети 37 припадници на полициските единици.

На второто рочиште одбраната го имаше воведниот збор. Речиси сите бранители на обвинетите, го отфрлија обвинението за тероризам или терористички акт. Двајца од обвинетите, Руфки Догани и Насуф Бекири тврдеа дека се наместени и злоупотребени за политички цели. „Бевме искористени за политички цели и не сме ниту први, ниту последни што сме искористени за тоа“, рече Бекири и побара овој случај да биде расветлен од ЕУ и од САД. „Нема да признаеме никаква вина“, рече Бекири.

Догани во своето обраќање пред судот, изнесе и тешко обвинение, дека наводно, „Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Ваљон Кабаши и Сами Кастриоти беа убиени во полициска станица. Тие со останатите преживеани се предадоа на полицијата, но потоа беа ликвидирани!“ Барајќи да не се „покрие вистината со зборот тероризам“, тој им порача „на Европејците и на Американците – да знаат дека од Ризај и Ндрецај добивме наредба да не пукаме во полицијата, туку само во воздух. Никој овде во судницата нема да признае вина затоа што овој случај е монтиран.“

Во воведниот збор, обвинетиот Арсим Бајрами од Ваксинце, кој бил вработен како полицаец, побара вистината да излезе на виделина, пред се поради неговите колеги. Тој изјави дека се чувствува како завеса на безбедносните служби кои „сакаат да ги сокријат своите игри“.

Според обвинителниот акт, групата која дејствувала во Куманово била составена од команданти-организатори, косовски државјани, граѓани на Македонија кои им обезбедиле сместување и логистика и извршители кои пукале. Водачи биле Ндрецај и Ризај.

Адвокатите на обвинетите тврдат дека нивните клиенти не ја прифаќаат квалификацијата на кривичните дела тероризам и терористичка организација и дека во понатамошниот тек на судењето и ќе го докажат тоа, преку искази на сведоци и врз основа на доказите прибрани од Обвинителството во текот на истрагата.

Што се однесува на инцидентот во Гошинце, одбраната иронично го опиша како хуман тероризам, затоа што во обвинението нема податоци ниту за употребена сила, ниту за употреба на оружје, а полицајците кои биле затечени таму – биле ослободени, па со тоа, според одбраната, нема основа овој чин да се нарекува терористички акт.

На денешното рочиште воведни говори дадоа адвокатите на 11- мина обвинети. Следното рочиште на кое ќе се сослушуваат и првите сведоци е закажано за 23 февруари.

А во кумановската населба „Диво Насеље„ во кое на 9 и 10 мај минатата година, од гранатирањата настрадаа 68 домови, и девет месеци по трагичните настани, дел од семејствата сè уште престојуваат во куќите на  роднини или под кирија. За ТВ Алсат – М, тие изјавуваат дека се разочарани, зашто Владата не им ги покрила сите трошоци за финализирање на работите за изградба на куќите.

DSC_0106
„Не сме задоволни. Како може да сме задоволни кога дадовме пари од свој џеб за да градиме, инаку така ќе останевме. Многу малку ни платија, но шуќур што децата ми се во странство и ми помогнаа. Има жители кои не можат ни дома да си влезат бидејќи немаат финансиска можност. Не сме задоволни. Што се однесува до киријата, ветија дека додека не бидат готови куќите ќе ни ја плаќаат, но овие не даваат ни кирија, ни ништо“, изјавуваат жители на кумановската населба за скопската телевизија

 

Tags: Диво НасељеКумановообвинетиполитичка играполицијасудењетероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ