Стотина насмевки го исполнија Градски парк во Скопје за време на Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Благодарение на поддршката од лицата и компаниите кои се вклучија во трката беа собрани доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.
Мечувалечки клуб Ескрим ја организира оваа трка веќе 3 години со желба дека од година во година поддршката се повеќе да се зголемува. Целта на оваа трка беше да им се даде поддршка на децата со Даунов синдром и да се поттикнат спортските клубови и центри да ги вклучат во своите активности затоа што им дозволуваат физички и општествен напредок.
Д.М.